Потегот претежно е насочен кон враќање на младата публика, која моментално живее во светот на Хулу и Нетфликс.
По неодамнешниот квартален извештај, ЦЕО-то на Тајм Ворнер вети дека од следната година за половина ќе го намали времето за реклами на прајмтајм програми на нивниот канал "ТруТВ". Конкретниот канал е фокусиран на реални шоуа и се промовира на помладата публика, за која Тајм Ворнер е преплашен дека ќе ја изгуби.
Во разговор за Блумберг, директорите на Тајм Ворнер изјавиле дека ако ова успее (намалување на реклами, зголемување на бројот на млада публика), тие истата стратегија ќе ја прошират на канали како ТБС, ТНТ и ЦНН.
"Знаеме дека еден од бенефитите на Нетфликс е немањето реклами. Публиката учи дека има места на кои можат да одат за да избегнат реклами," изјавил директорот на истражување на Тајм Ворнер, Хауард Шимел.
Според Нилсен, од 2009-та просечното траење на рекламите на кабелските телевизии се зголемило од 14:27 на 15:38 минути на час. Слично е и кај бесплатните канали кај кои растот е од 13:25 на 14:15 на час.