Живот и забава

Зошто треба да купувате машки верзии на работите

Црвен тротинет за машки, розев тротинет за женски. Двата тротинета се идентични во сè освен во бојата и - парите. Женскиот тротинет е поскап. И тоа не е сè!

И за тоа ли ќе дуваме?

Уште луѓе овде не успеаја да се надуваат од среќа заради најавената легализација на марихуаната (во медицински цели) а веќе стигнуваат вести дека научници работат на машинче слично на алко-тест.

Зошто кешот е најлошиот подарок?

Подарувањето има своја економска логика за која се пишувани цели студии. Но, за вистинската природа на подарувањето, одговорите не треба да ги очекуваме од економистите туку од антрополозите.

Мериот ги укинува масите во собите

Сакајќи да направи простор за новата генерација хотелски гости, познатиот ланец Мериот реши своите соби во иднина да ги ослободи од масите. 

Струјата е опасна, наизменична и кравја

Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.

Та не е саде бозон, та не е саде Хигзов

Физичарите на ЦЕРН соопштија дека два тима, работејки независно, виделе трагови на можна нова честичка.

САД ќе забранува микрогранули

Со новиот закон кој е изгласан во Претставничкиот дом се забранува секакво користење на микрогранули во сапуни, пасти за заби и шампиони за тело. Добрата вест е дека забраната не е затоа што се штетни за здравјето на луѓето (барем не директно), лошата е - затоа што се ужас за околината.

Како е да се биде шанкер во Њујорк

Интервјуа со два анонимни шанкери, едниот веќе ветеран кој 12 години минал на најразлични шанкови, вториот е студент кој сега почнал со професијата. Прво нешто што треба да знаеш за работење како шанкер во Њујорк е дека ти требаат врски за да се вработиш, за ова се согласуваат и двајцата, второ, сите знаат кога некој гостин не е само на алкохол.

Чекајќи го К-15

Секој од речиси 1.400-те вработени во нафтената компанија Хилкорп Енерџи ќе добијат божиќен бонус од 100.000 долари. И не е некој неочекуван напад на филантропија, туку луѓето ги заслужиле парите.

Најпопуларните ТВ серии на Фејсбук за 2015-та

Во општата рецензија на 2015-та во која ФБ анализира за што најмногу дискутирале нивните корисници, посебна ставка имаат и телевизиските серии. Нивниот распоред на листата излгеда вака:

Кои вести најдолго ги задржаа читателите на Њујорк Тајмс?

Затоа што бројките околу тоа колку пати е отворена една статија и не кажуваат нешто претерано за нејзиниот квалитет, уредништвото на Тајмс се интересира за една посуптилна мерка - колку часови читање собрала некоја статија. И тоа се мери.

Казната да се биде убав

Мажите е поверојатно да бидат прескокнати за компетитивни позиции кои се базираат на индивидуални квалитети - на пример, позиција во продажба - доколку се перципирани како убави, е утехата од новата студија на Лондонската школа за менаџмент.

Вест од школото што има толерантност кон невакцинирање

Откако наспроти сите здравствени препораки, училиштето дозволи примање на деца кои не се вакцинирани заради сите коректни аргументи и стравови на нивните родители, се случува неочекуван пресврт и невакцинираните деца почнуваат префаќаат имунитет на сипаници од вакцинираните. Нормално дека НЕ!

Саут Парк, совршениот цртан за ерата на гневот

Ако Саут Парк беше човек, тој ќе беше доволно возрасен за да гласа, иако веројатно немаше да го стори тоа. Овој бесрамен цртан е централата за анти-активистичката сатира и богохулење уште од 1997-ма, пишува Џејмс Пониевозик во текстот за Њујорк Тајмс.

Шишање без муабети

Фризерски салон од Велс на своите муштерии им понуди опција да закажат "тивка столица", столица на која ќе седнат и ќе им биде направена фризура без да мора да муабетат со фризерот. До сега, најдобро решение имаше нашиот финансов во Трендоленд.

Греми 2016-та, номинации

Номинациите ги објави Алиша Кијс, а наградите ќе се емитуваат во понеделник 15-ти февруари 2016.

Италија во битка за вашето право на оригинал маслиново масло

Во борбата за одбрана на образот и честа на италијанското маслиново масло, растурена е една од најголемите криминални организации исклучиво фокусирани на фалсификување италијанско маслиново масло, сред Италија.

Руски Максим со листа на ОК гејови

Под наслов "Гејови што ги почитуваме" уредништвото на руската верзија на магазинот Максим прави листа на славни мажи кои се толку добри во својата работа што им ја "простуваат" нивната сексуална определба.

Зошто не успеваат обидите да ги натераш луѓето да слабеат

Сите оние поучни и добронамерни емисии / кампањи во кои како на луѓе ни ја објаснуваат полезноста од јадење домашно зготвена и/или здрава храна и зошто треба здраво да се храниш, немаат претстава дека на тебе во 11 часот наутро на работа ништо не ти изгледа пологично и полесно отколку да извадиш стотка од џеб за бурек, баничка, тост или бургер.

Во право бевте за луѓето со инспиративни цитати на Фејсбук

Се што мислевте и за цитатите и за тие што ги објавуваат ви е потврдено во студијата од Универзитетот Ватерло со извонреден наслов "За приемот и детекцијата на псевдо-продлабочени срања."

Економијата на „Ѕвездени војни“

Американски професор решил врз основа на расположливите податоци да создаде економски модел на Галаксијата од Ѕвездените војни и да му удри една економска анализа. Не е на арно. Дел од заклучоците ќе ви заличат на нешто наше (*), а дел на нешто од Грција (**).

А ова е твојот мозок на телевизија

Тоа што 20-тите години ги минувате во претерано гледање телевизија (граница која научно е сигурно многу пониска од она што ти мислиш), на 40 години ќе почне да ви се одразува на мозокот.