Минатата недела од програмата беше повлечена една од најпопуларните кинески сапуници, Зависник, затоа што во неа се следи животот на еден геј пар, и со тоа ги прекршува новите правила.
Меѓу забранетите теми се:
- сексуално насилство
- не стандардни сексуални врски и однесување
- сексуална перверзија
- сексуално малтретирање
- пиење алкохол
- пушење цигари
- сексуално непристојно облекување
Пуританстовото на кинеските медиуми следува по доаѓањето на власт на Кси Џинпинг во 2012-та. Во декември 2014-та една популарна серија беше симната од програмата затоа што актерките имале големо деколте. Шоуто повторно го вратија во програма откако деколтето беше замаглено.