По нивната анализа:
- Данска, со 5,5 милиони жители, на директно поттикнување на функционирањето на медиумите троши околу 54 милиони евра годишно.
- Во Шведска се издвојуваат 65 милиони евра, "а медиумската политика на оваа членка на ЕУ многумина ја наведуваат како пример." Во Шведска пари добиваат и весниците чија задача е да бидат конкуренција на водечките весници на пазарот, како дел од воведувањето на медиумска разноликост.
- Австрија исто така троши милиони државни евра на поттикнување на разноликоста во известувањето, но и на поддршка на функционирањето на етаблираните, комерцијални медиуми како Прес и Стандард. Австрија освен разновидноста во известувањето делумно ги финансира и основните трошоци за функционирање на весниците. Двата весника за ова во 2015-та добиваат по 1 милион евра.
"Иако медиумската сцена во Австрија значително би осиромашила и би станала еднолична без државната поддршка - која е вообичаена во најголемиот дел од земјите во ЕУ - тоа не значи дека медиумите во Австрија пишуваат по команда на владата. Напротив Прес детално пишуваше за самиот систем на субвенции критикувајќи ги проблемите околу распоредувањето на средствата, констатирајќи во 2013-та, дека австрискиот состав на поддршка на медиумите се заканува се повеќе да ги финансира некритичките, кон владата пријателски настроени медиуми, а не квалитетното новинарство. Прес тогаш предупредуваше дека во други европски држави - конкретно Швајцарија, Германија и скандинавските земји - на поддршката се троши два до шест пати повеќе отколку во Австрија. Сепак конзервативниот Прес, остро ја критикуваше поделбата на парите на не баш релевантните медиуми - како Салцбургер фолкцајтунг - а кои функционираат како пропагандни весници на партиите, во конкретниот пример на конзервативната Австриска народна партија," пишува Гордан Духачек во текстот за Тпортал.
Во Германија ситуацијата е комплетно поинаква, па така јавните медиуми (АРД и ЗДФ) работат паралелно со приватните кои одлично функционираат на пазар со 80 милиони луѓе. Или на пример Франкфуртер Алемајне Цајтунг, кој нејќе ни да чуе за државна поддршка на медиумите.