Една недела пред да започне гласањето за Оскарите, Лос Анџелес Тајмс ја објави веста дека филмот е емитуван пред ватиканската комисија која работи на случајот со сексуална злоупотреба на деца.
Тие ја пренесоа и изјавата на еден од членовите на комисијата, Питер Сандерс, кој го повикува и Папата да го изгледа Спотлајт: "Филмот екстремно загрижува за тоа како католичката црква ја прикрила злоупотребата, и јас мислам дека ова е добар момент и Папата да го гледа."
"Ние не знаеме дали Папата го изгледа Спотлајт, ама знаеме дека членовите на филмската академија беа во тек со изјавите од комисијата, што им го смести филмот во мислите токму пред да почне гласањето," пишува Глен Вип за ЛА Тајмс, објаснувајќи дека на ова се надоврзува и кампањата за промоција на филмот пред гласањето.
Според Вип вториот дел од успехот се должи на системот на гласање на Оскарите. Во 23-категории членовите на академијата само штиклираат кој според нив треба да биде победникот. Кај најдобар филм, од нив се бара да ги подредат номинираните, со тоа што најдобриот би бил прв.
"Овој систем го наградува консензуалниот избор, филмови кои постојано се појавуваат на првото, второто, па и третото место на гласањето. Спотлајт и Обложување на столетието беа токму вакви филмови. Повратникот не баш. На многу луѓе им се допадна; речиси исто толку беа згрозени од бруталното насилство. Ама за разлика од Спотлајт, тоа не беше филм кој добро минува кога го гледаш на ДВД скринер, како што најголемиот дел од членовите ги гледаат номинираните за Оскар.
Па иако Инариту со ова може да освои Оскар за режија за Повратникот, тоа нема да му успее на неговиот филм. На Инариту едноставно му требаше да има најмногу гласови во категоријата за режисер. А и Повратникот веројатно собрал најмногу гласови во првиот круг кога сметководителите од Прајсвотерхаускуперс седнале да ги пребројат гласовите.
Меѓутоа за да победи во првиот круг, на филмот би му требале најмалку 50% плус еден глас. Во вака компетитивна година, ова сценарио тешко дека ќе се случи.
Па кога сметководителите го пуштиле следниот (и следниот) круг на ливчиња за гласање, елиминирајќи еден по еден од филмовите кои имале најмалку број 1 позиции, поддршката за Спотлајт само се зголемува.
Спотлајт е филм кој некои луѓе го сакаа, а на многу луѓе им се свиѓаше. Само малкумина ги остави незаинтересирани.
И истово го гледав како се случува кога избиравме за наградите на Здружението на филмски критичари на Лос Анџелес. Кога се сретнавме во декември за да избереме победник Лудиот Макс и Карол беа на прво и второ место во оваа категорија.
Ама кога дојде време да гласаме за најдобар филм, Спотлајт ја собра на градата, на изненадување на многумина во собата. На крај ова беше филмот кој на најголемиот дел од членовите не им пречеше да биде победник.
Речиси три месеци подоцна, гласачите на Оскарите дојдоа на истото, давајќи и на продукцијата Опен Роуд награда за најдобар филм по само пет години од нејзиното основање," пишува Вип.