Идејата е прво да се натераат луѓето да се качат на точак за да го сфатат бенефитот од ваквиот превоз. Давањето пари ќе биде комбинација од програмите што веќе се имплементирани во Франција, Белгија, Холандија и Британија. Парите ќе бидат од државни фондови, "исто како што властите стимулираат користење јавен превоз, ќе стимулираат и велосипеди."
Иако не е јасно колку луѓе ќе преобрази програмата (во Франција од 8.000 учесници, околу 400 трајно се префрлија на велосипед), нејзините автори веруваат во успех пред се заради претходните промени воведени во градот: 50% повеќе велосипедски патеки во изминатите неколку години, двојно повеќе станици за изнајмување велосипеди, и севкупно поголем број на велосипедисти.
Освен финансиските награди за велосипедистите, Милано има и дополнителни давачки за сите што сакаат да возат автомобил во центарот на градот. Ова резултираше со 20% повеќе корисници на јавниот транспорт.
Паралелно со сето ова Милано постојано ја проширува и пешачката зона во центарот на градот.
"Плаќањето луѓе да возат велосипед можеби нема да направи голема разлика, ама тоа е дел од поголем план кој изгледа како да им функционира," пишува Адел Петерс во анализата за Фаст ко.
Географски Милано ги има истите релјефни проблеми како и Скопје, па посебно зимно време има проблем со проветрувањето на загадениот воздух.