непознати автори - ДЛАБОКО ГРЛО
Ниеден озбилен муабет за порното не може да помине а да не се спомне култниот класик Deep Throat. Излезен 1972 со Линда Лавлејс во главната улога, тоа е еден од првите филмови во кои има (некаков) заплет и развој на карактерите а истовремено делото е и родоначалник на тогаш новиот жанр 'порно - шик' . Ни музиката не е ништо помалку прогресивна и во неа има фино склопен еклектицизам, од латино, до фанк, до прогресивен поп... Во раните 70-тие американската полиција го имаше запленето мастерот па реобјавувањето на осумте оригинални песни (без авторски референци) во 2004-та беше дочекано како врвен десерт меѓу 'посветените'.
Клаус Шулц - Телесна љубов
Потписник на четирите нумери за овој филм е пионерот на германската електронска музика. Филмот е приказна за една девојка на која ѝ е кажано дека невиноста ќе ја изгуби на една оргија а музиката на Шулц е таква што во поголем дел од времето мислите дека се работи за научна фантастика.
АББА - ЗАВЕДУВАЊЕТО НА ИНГА
Потписници се двете Б од АББА - Бјорн и Бени кои во 1971 му даваат музичка смисла на нискобуџетниот филм за возрасни во кој има и бизарности, тортура па дури и инцест, приказни кои се многу различни од основната наративна физионимија на шведската група. Насловната (Inga teme) комотно можела да победи на кој било фестивал од тоа време (има во неа и малку Индекси и малку Корни група) а во продолжение е трејлерот за филмот (со потврда на возраста):
Патрик Коули - SCHOOL DAZE/MUSCLE UP
Коули е легендарен продуцент кој го популаризираше "hi-NRG" звукот a соработуваше со големи диско имиња од минатото. Децении по неговата смрт, дискографската куќа Dark Entries извади еден куп негови материјали кои биле користени во геј порно филмови и од тоа беше направена дури двојна компилација.
Алден Шуман - Ѓаволот во госпоѓица Џонс
Со слоган "Ако одиш во пеколот.... оди со причина", филмот се врти околу приказната за една удавача која има само една недела да си ги исполни сите сексуални фантазии пред да биде пратена во пеколот. Алден Шуман тоа го бои со моќни звуци од органи, оркестрации и вокали. Саундтракот е издаден како самостоен албум што е реткост за ваков материјал а една од најефектните песни од овие 11 парчиња е 'Coming Home', една фина и емотивна балада во која протагонистката пека за "само една слатка и нежна душа." Филмот не е најсреќен избор за мастурбирање (референци на Сатаната и слични срања), но музиката е една од најдобрите од тој сладок и нежен филмографски свет.