Процената е дека искоренувањето на ракот би го зголемило животниот век за околу 4 години, "а разликата во очекуваниот животен век меѓу најбогатите и најсиромашните во Британија е околу 20 години."
Ричард Смит во Индепендент наведува неколку причини зошто никогаш не би дал пари на добротворни организации кои се занимаваат со истражување на ракот:
- Никогаш нема да го излечиме ракот.
- Премногу се троши на истражување на ракот и терапии.
- Ракот е подобар начин на умирање од многу други.
- Целиот подвиг носи со себе застрашувачка утописка реа на обид за постигнување на човечко совршенство.
"До сега откривме дека ракот е сошиен во нашиот генетски материјал. Ракот е мана во нашето растење, ама оваа мана е длабоко вкоренета во нас... Значи ние можеме да се ослободиме од ракот, само онолку колку што можеме да се ослободиме себеси од процесите во нашата психа кои зависат од растењето - стареење, регенерација, заздравување, репродукција," пишува Мукерџи во неговото дело Императорот на сите болести.
Тој објаснува дека тоа што причинителот на сите видови рак е ист, тоа не значи и дека треба сите видови рак да се поистоветуваат, "најчестите видови рак на кожата може да се отстрануваат без никаква закана по животот на човекот, а и смртта на деца од леукемија значително е намалена."
Околу нерационалноста на нашето размислување во однос на ракот, Смит го наведува британското здравство кое троши милиони фунти само за пациентите уште неколку недели да ги одржи во живот, "што може има смисла за нив, но не и за општеството." Британија троши 370 милиони фунти на истражување на ракот, наспроти тоа само 109 милиони фунти на менталното здравје и 9 милиони фунти на повреди и несреќи, "што е главниот убиец на млади луѓе."