Психолошкиот притисок или контролата на оние кои пробуваат да се откажат од пушење не води кон посакуваниот резултат. Многу покорисно е на човек да му се понуди некоја мала практична помош од типот, јас ќе одам до продавница или јас ќе ги почувам децата.
Ова се наодите на една заедничка студија на Универзитети од Абердин и Цирих во која се следеле 100 двојки од кои едниот партнер решил да ја прекине навиката. Притоа двојките требало да водат дневник за на крај да се сумира каде човек се прекршува и што во тие моменти му помага а што не.
Се покажало дека најмал ефект има притисокот или желбата да се контролира "искушеникот". Напротив, нудењето поддршка и помош за мали практични активности се најкорисни за одржување на проектот.