Дали ја бива 4-та сезона на Куќа од карти?

Денес Нетфликс ја пушта целата 4-та сезона од серијата. Како што е редот со секоја серија и оваа веќе им беше поделена на критичарите за прегледување. (П.С. Заради ланското протекување на неколку епизоди од Игра на тронови, годинава продукцијата одлучи дека никој нема да добие претпремиера од новата сезона од приказната на Џорџ Мартин.)

Одлична е!
Слејт
4-та сезона е помрачна и позастрашувачка од која и да е до сега... Куќа од карти мораше да го адаптира својот бренд, и новиве епизоди преставуваат корекција на правецот од 3-та сезона.

Индепендент
4-та сезона е заведувачки чекор кон нов, но решителен правец за драмата на Нетфликс.

Дедлајн
Време е на претседателски избори во САД, и оваа Куќа од карти - која е многу поблиска до реалноста отколку што многумина во Холивуд и Д.Ц. ќе признаат - е подобра од кога и да е.

НМЕ
Како што напредува таа претставува богато раскажани карактери, и мали и големи; го поставува прашањето дали политиката некогаш има капацитет да биде фер-плеј; ќе не насмее, па потоа ни ја корне таа насмевка од нашето лице.

Барем уште е гледлива
Ентертејмент Викли
Кој ќе ги сопре? Дали треба да бидат сопрени? Зошто кој било би гласал за овој ужасен човек? Куќа од карти создава психички простор за јас да можам да се валкам во моите фрустрации, потоа ме насочува кон подобар, правилен начин на нивно изразување во вистинскиот свет. Ме восхитува, ме вознемирува, на толку многу нивоа ова е вистинско грешно задоволство.

АВ Клуб
Вашето уживање во Куќа од карти треба да биде грубо калибрирано да одговара на вашата трпеливост околу концептот дека Френк непрестајно е попаметен од сите останати... Цела среќа, гледањето (како Френк успева) обично е забавно, и затоа што сценаристите се ужасно мудри околу создавањето на нови начини на кои тој може да се спаси, и затоа што секогаш е забавно да го гледаш Кевин Спејси како ги дроби зборовите на јужначки акцент.

Мх...
Јаху
Кога го гледаш шоуто во време кога вон твојата Нетфликс претплата, го имаш Доналд Трамп како дивее низ политичкиот пејзаж... го прави претседателот Андервуд, со сите негови расипани шеми, да изгледа воспитан и учтив. Заради ова, и затоа што претходната сезона на Куќа од карти си дозволи да биде понесена по темните улички на наративот од кој сега се обидува да избега, новите епизоди... често пати изгледаат мрачно до точка на проклетство.

Холивуд Репортер
Ако нарцистичките монолози со самиот себе ги сметаш за важен дел од псевдошекспировската извештаченост во Куќа од карти, она што го направи да биде потпросечна модерна верзија на Ричард 3-ти, а не уште една купија на Западното крило, недостатокот на разговор меѓу Френк и гледачите посочува на она каде шоуто според мене грешеше во изминатите две сезони - и каде има прогрес во новата сезона.

4 март 2016 - 10:09