Живот и забава

Гладните деца никогаш нема да се најадат

Колку денес јадеме кога не сме гладни зависи и од тоа колку пари имала нашата фамилија кога сме биле деца. Тие што како деца осетиле немаштија, и кога ќе пораснат не веруваат дека трпезата пред нив долго ќе трае.

Како Доритос цела деценија добива гратис реклами за Супер Боул

Во 2006-та Доритос објавуваат конкурс за аматерски филмаџии да им изработат видео реклама за Супер Боул. Договорот е дека победничкото видео ќе се емитува за време на финалето, а 5 автори ќе добијат по 10.000 долари, и тоа се сите пари што може и треба да ги очекуваат од компанијата.

Првото неголо издание на Плејбој

Минатиот октомври Плејбој објави дека по 62 години печатење, од годинава повеќе нема да објавува голотија. Дојде новата година, и луѓето стварно си стојат на збор.

Улогата на Мадона во хитот кој нема врска со неа

Правиш песна, имаш среќа таа да ти се погоди и да стане вирален хит од кој после доживотно земаш тон пари. Фина е таа приказна, но ние имаме приказна за следниот пат кога ќе зборувате како Мадона веќе не е во игра и како ја прегазило времето.

Животот после Идол

Од 42-ца финалисти на Американски Идол, помалку од половина биле на турнеја во последните три години. Само 19 имаат снимено нова музика од 2013. Калеб Џонсон победникот од 13-та сезона, во првата недела по премиерата продаде само 11.000 примероци од неговиот прв албум по Идол.

Што шмркаат глумците?

Не по дома, туку на работа, пред камера за време на снимање филм, кога службено мора да се подадат по порокот што им е препишан по сценарио.

Земјата е составена од две планети

Студијата ја прават астрономи од УKЛА, ја објавува журналот Сајанс, а откритието е дека Земјата се всушност две планети кои се споиле при нивната колизија пред 4,5 милијарди години. Во истиот судир е настаната и Месечината.

Бизнис проекции, легална марихуана 2016.

Откако пред две години Колорадо одлучи да се вразуми и да ја легализира марихуаната можеме да зборуваме за обем на пазар на легална марихуана, што во рамки на 2015-та значеше легална продажба од 5,4 милијарди долари. Годинава ќе биде уште подобро.

Татко, сопруг, швалер

Две статистики. Прва - 42% од татковците родени по 1980-та се чувствуваат истрошени од постојано балансирање меѓу работа и приватен живот. Втора - 40% од луѓето во долги врски ќе имаат афера. Бонус, 56% од мажите што изјавиле дека имаат афера се среќни од својот брак.

Папата што ја доби својата улога во филм

Папата Франциско ќе се глуми самиот себе во новиот религиозен филм "Beyond the Sun," што е прв пат за Франциско и за кој било Папа во историјата да се појави во филм.

Како готвеше човекот кој се самоуби?

Ако за починати музичари пуштаме нивни песни, дали е невкусно ако за готвачи си спомнеме некои нивни рецепти? Во чест на Беноа Волтиер, 44 годишниот перфекционист кој се самоуби само неколку месеци откако беше прогласен за најдобриот готвач на светот.

Продолжувања на војните со медиумски средства

Полска новинарка му прави незгодно интервју на руски министер. Нејзиниот уредник му се извинува на министерот. Неговите шефови го набркуваат од работа.

Многу теретана ѝ пречи на љубовта

"Пред некое време бев на забава на која петмина фраери си збореа за теретана, кардио и трицепси.... Поинтересни муабети за бебешки какања имам слушано од тоа".

Зошто Стујарт беше подобар водител на Дејли Шоу од Ноа

Критиката за Ноа започнува со споредба на неговиот сегмент за Берни Сандерс, од пред некоја недела кога бушавиот конгресмен е еден од главните кандидати меѓу Демократите, и сегментот што Стујарт го прави минатиот мај, кога Сандерс е анонимус чудак меѓу кандидатите на Демократите. Оценката на Вила Паскин од Слејт е дека Ноа е "потемкинов Џон Стујарт."

Колку е штетно да прескокнеш појадок?

Чувството на вина што го имаш околу прескокнувањето појадок, многу поверојатно е да потекнува од кампањата за задолжителност на појадокот што мајка ти ти ја водела цело твое детство, отколку од науката.

За Оскар без женски и машки категории

Тоа што Холивуд се труди да избега од машкото гледиште на светот, никако не се приметува во годинешната трка за Оскари, каде номинираните се претежно бели и претежно мажи. Повторно.

Во Гоа палмата веќе не е дрво

Што е толку важно дали нешто што расте од земја е категоризирано како дрво или како „обично" растение? Епа важно е, и тоа не само ботанички, туку и политички.

Јас пушам, другите умираат

Родена е неколку месеци пред Илинденското востание. Пуши цели 95 години по 30-тина цигари на ден. Вика дека е битно да не се секираш.

Нетфликс стигна, баба се чешла

Единствена работа која денес никако не би била е директор на телевизија. Зошто? Па заради страшното чудовиште кое се заканува сите да ги проголта. Телевизиите, мислам. Исто како и голем број други дејности, како книжарници, продавници, па дури и цели трговски центри проголтани од прашумата на Амазон.

28 начини да јадеш пица секој ден

Пица и онака може секој ден да се јаде, ако не ви е гајле за килажата. Во продолжение се помали - грижа на совест фри - верзии на истиот вкус за кој офкааат сите оние на кои им е гајле. Она дека се 'грижа на совест фри' замете го со крајна резерва.  

Што е паниката околу зика вирусот?

Веста беше дека некои трудници заразени од некој вирус зика кој го пренесуваат комарци родиле бебиња со сериозно недоразвиен мозок и глава. Меѓутоа овие трудници беа во Бразил, па и не беше некоја паника заради логиката "што друго можеш да очекуваш во Бразил?" Вирусот само што е откриен во САД и Европа.

Дизни има да ги исцеди Ѕвездени војни

По зборовите на директорот на Дизни, сагата околу Ѕвездени војни ќе продолжи и по завршувањето на новата трилогија, плус се планира враќање на Хан Соло, ама како 10-годишно момче.

Уште ова не сме го пробале

Градоначалничка од Јужна Африка понуди стипендии за студентки. Единствен услов е да останат невини.

Тајната на имигрантската генијалност

Треба човек да е жестоко затупен па да не признае дека добар дел од генијалците кои историјата ги познава биле бегалци и имигранти. А нивниот гениј процветал токму на туѓа територија.