Едниот е возач, а другиот е градинар во шпанскиот град Херез де ла Фронтера (Андалузија), кои се откриени откако одделот за човечки ресурси во градските власти забележале дека тие не се појавиле на работа од јануари 2015 до 31 мај 2016. Кога со целата своја шокираност луѓето од кадрово одлучиле подлабоко да го испитаат случајот, сфатиле дека двајцата 15 години не се појавиле на работа.
Без разлика на тоа што утврдиле властите, синдикатот во кој членуваат двајцата работници, објаснува дека тие само имале насобрани слободни денови кои ги искористувале со согласност на локалните власти.
Кога веќе се зафатиле со тоа кој работи, а кој не, градскиот совет забележал дека и локалната полиција била крајно либерална со работното време, па во 2015 еден тамошен полицаец работел само 96 дена, друг 66, а трет 47 дена.
Вработените, полицајци, тврделе дека во деновите што им фалат тие биле на состаноци. Истрагата не нашла докази за ниту еден од состаноците кои биле наведени. Исто така, се покажало дека дел од состаноците било наведено дека се случуваат за време на државни празници.
Минатата година шпанскиот суд казни еден локален административец со 27.000 евра затоа што 6 години не се појавил на работа, факт кој бил откриен само затоа што го побарале да си ја подигне наградата за долгогодишна служба.