Иако по класификација спаѓа во групата заситени масти, путерот не е ни приближно штетен како што тоа го налага неговото опкружување. Научници комбинираат податоци од девет студии за врската меѓу консумирањето путер и здравствените проблеми.
Заклучокот им е дека путерот нема значително влијание за зголемување на шансите за кардиоваскуларни болести. Тие наоѓаат мала поврзаност меѓу путерот и смртноста, односно дека секоја дополнителна лажичка путер на ден, ја зголемува смртноста за 1%. Од друга страна, истата количина се поврзува со 4% помал ризик од дијабетес.
"Ова не е ниту здрава храна на која треба да инсистираш, ниту пак е храна која треба да биде избегната по секоја цена," објаснува еден од авторите на студијата, доктор Дариус Мозафариан, од Тафтс Универзитетот.
Според него, она што му прави лош имиџ на путерот е што тој најчесто се поврзува со помалку здрав начин на живот и исхрана, па од таму и се поврзува неговата консумација со зголемена смртност.
Неодамнешни студии исто така откриваат дека млечните производи, вклучително сирења, кашкавали и јогурти исто така се поврзани со намален ризик од дијабетес.