Триперот се враќа, појак од кога и да е

Иако никој од околните факмани одамна се нема пожалено/пофалено дека ја закачил (сега главно се жалат на триглицериди или жгаравица), гонорејата не само што е тука туку станува отпорна на сите можни оружја кои ги имаме против неа.

Гонорејата наскоро ќе биде неизлечива. Таа во меѓувреме се запознала со сите антибиотици кои човекот ги има на располагање против неа и развила отпорност кон нив.

Последните надежи беа азитромицин и цефтриаксон кои во комбинација досега даваа задоволучвачки резултати. Но последните истражувања покажуваат бактеријата забрзано развива имунитет и кон нив.

Засега сè уште се работи за мали проценти: бројот на примероци отпорни на азитромицин пораснал од 0,6 на 2,5% а за другиот антибиотик е дуплиран, од 04, на 0,8%.

Но, за медицината ова е доволно за аларм бидејќи таа во моментов може само немоќно да набљудува како гонорејата брзо учи да се пробива низ антибиотското минско поле. 

Од неа во САД годишно се дијагностицираат околу 350.000 лица.

Гонорејата наскоро ќе биде неизлечива. Освен на оние портали кои уверливо ќе тврдат дека кантарионот чуда прави. А и магарешкиот трн не треба да се потценува.

 

17 јули 2016 - 11:27