Живот во време на константни лоши вести

Ако си на интернет си под бараж од лоши вести за нешто што се случило или нешто што може да се случи. Ако не си на интернет тогаш се изолираш од најголемиот извор на информации во историјата и не си сведок на најголемите промени на времето во кое живееш.

Ники Лидбетер, терапевт и извршен директор на Anxiety UK објаснува дека денес вестите се полни со стории што прават човек да се чувствува како да нема контрола:

"Ова може да доведе до наплив на адреналин, чија главна задача е да го подготви нашето тело за активност, меѓутоа го нема очекуваниот одговор. Овој адреналин циркулира во твоето тело и нема каде да излезе.

Откако ќе прочиташ за некој нов настан, твојот нервен систем става во петта брзина. Како што се обидуваш да продолжиш со дневната рутина, твоето тело продолжува со отпорот: зголемен пулс, потење, немање апетит, сушење на устата, тресење и стегање во градите."

Според други луѓе што имаат работено на темава, проблемот е во преплавувањето со информации што секојдневно ни се случува.

"Бидејќи луѓето обично посветуваат повеќе внимание на негативните отколку на позитивните информации заради склоноста кон негативните вести, медиумите непропорционално многу се фокусирани на лоши вести.

Ги памтиме овие работи, дури и кога се ретки, или малку веројатно да влијаат на нас," објаснува професорката по психологија од Универзитетот во Тексас, Мари Мекнотон-Касил.

Препораката на двајцата е колку можеш да ја ограничиш изложеноста на вести, "кликај само на доверливи и потврдени линкови за да избегнеш да се изложиш на непотребен стрес, и наместо цел ден да си на Фејсбук и Твитер, одреди само еден конкретен дел од денот кога ќе се најавуваш на нив."

2 јули 2016 - 16:43