Решението на равенството е месо израснато во лабораторија, создадено од истите клетки од кои е составено ткивото што инаку го јадете. (Исто така постои и кожа создадена во лабораторија, која се прави на сличен начин.)
Со ова решение има два проблема, првиот е дека ова месо за сега баш нема вкус како што ние ви сакале, вториот е дека бургер создаден во епрувета чини 330.000 долари.
Брендан Кол во Вајард објаснува дека месото од лабораторија никогаш нема да успее доколку јавноста не е заинтересирана за него. Во 2013 пред да биде изеден првиот бугер од лабораторија, само 13% од испитаниците (во Белгија) знаеле што е месо одгледано во лабораторија, а над 50% никогаш немале чуено за него. Иако пред почетокот на студијата белгиските научници очекувале дека барем вегетаријанците ќе бидат на нивна страна, се покажало дека повеќе вегетаријанци сметаат дека тоа не е здраво, отколку месојадите.
Меѓутоа откако истражувачите објасниле како се создава ова месо, најголемиот дел од испитаниците изјавиле дека можеби би пробале, "на ова додај дополнително образование за бенефитите за животната средина, и борјот на луѓе спремни да пробаат се зголемил за два пати."
Во врска со фемкањето на веганите и вегетаријанците околу месото од лабораторија, речиси консензус е дека се дава претерано многу важност на нивното мислење, бидејќи дали тоа ќе успее или ќе пропадне зависи од месојадите, "а тие немаат причина зошто да се префрлат се додека неговата цена сериозно не се намали."
"Научниците вклучени во ова се оптимиситчни дека до 2020 ќе можат да ги средат трошоците и вкусот на месотот од лабораторија, во најголем преку зголемување на ефикансноста и производство на месо на големо," пишува Кол.