Роден е во 1929 година во Неапол, како Карло Педерсоли. Со својот филмски побратим Теренс Хил (Марио Џироти) се запознаваат на еден филмски сет во 1959 година, решаваат да ги сменат имињата и заедно снимаат преку 20 филмови.
Претходно Бад Спенсер се има сериозно бавено со пливање и е првиот Италијанец кој има испливано 100 метри за помалку од една минута. Има сребен медал од Медитерански игри и едно олимписко финале во Хелсинки.
Во филмовите го карактеризираа кратки дијалози и уште пократки сцени со тепање бидејќи душманот најчесто не можеше да го издржи ни првиот негов удар, особено кога со оној токмак од тупаница ги коваше како шајки.
Теренс Хил беше плав, вешт и итар. Бад Спенсер не мораше да биде ништо од тоа пошто беше онолкав.
"Татко ми почина мирно, без да се мачи. Последните зборови му беа "Фала ви," им откри неговиот син на медиумите.
Малку на светов останаа толку јаки луѓе, а да се од наша.