Студијата објавена во журналот Адикшн, заклучува дека постои повеќе од проста врска или статистичка поврзаност меѓу алкохолот и ракот. Џенин Конор од Универзитетот Отаго во Нов Зеланд објаснува дека: "Постојат доволно кредибилни докази за потврдно да се каже дека пиењето е директна причина за болеста."
"Има силни докази дека алкохолот предизвикува рак на седум места во телото, а веројатно и други. Иако се уште нема комплетно познавање на биолошкиот механизам (за тоа како алкохолот предизвикува рак), епидемиолошките докази можат ја поддржуваат оценката дека алкохолот предизвикува рак на орофаринксот (зад усната празнина), рак на грло, хранопроводник, црн дроб, дебело црево, ректум и гради," објаснува Конор.
Освен множеството фиксови, тие уште немаат потврдено, иако имаат се повеќе докази, дека алкохолот предизвикува и рак на кожа, простата и панкреас. Конор нагласува дека ризикот се зголемува паралелно со количината алкохол што се консумира.