"Поднесувам формално, пријателско барање да ми се дозволи да го прегледам материјалот на чисто информативна основа. Во него сум прикажан јас, мојот живот, моето семејство, и брат ми. Мислам дека никој друг жив на светов може да ја утврди валидноста на материјалите освен јас," напишал Роберто.
Според луѓе блиски до Роберто, тој се обидува да стапи во контакт со Нетфликс уште под почетокот на првата сезона на Наркос.
"Се обидовме да ги контактираме Нетфликс веднаш по регистрирањето на правата за Пабло, пред Наркос да биде објавен без никаков одговор до нас.
Мислам дека е важно да сфатат дека Роберто Ескобар сака да го прегледа шоуто што ќе го емитуваат, за да осигура дека семејството и гледачите ќе добијат точен приказ на Пабло и Роберто," изјавил Олоф К. Густафсон, ЦЕО-то на Ескобар инк.
Своевремено Роберто работел како сметководител на Меделин картелот, а во 2015 во Калифорнија се регистрира како наследник на правата на Пабло Ескобар и семејното име Ескобар. Освен криминалот, Роберто стана познат и по тврдењето дека преку својата работа со коњи успеал да најде лек за СИДА.