Теретаните ќе изгубат од инструкторите

Последниот тренд во оваа - за нас доста непозната - област е дека луѓето сè помалку ги занимаат пространи сали со скапа и софистицирана опрема за вежбање а сè повеќе експерти кои ќе им покажат како треба да се вежба. И ќе си мислат дека еден ден ќе изгледаат како нив.

Инструкторите беа шема уште на почетоците на модерната фитнес манија, преку аеробрик видеата на Џејн Фонда и другите. Потоа манијата се префрли од пред телевизор во сали.

Фаст форвард едно 30 години, фитнесот повторно се редефинира и ситуацијата сега вика дека традиционалните теретани и фитнес центри влегуваат во сенка на групните вежби. Истовремено, тоа значи подем на фитнес инструкторот кој станува централна фигура во целиот систем а вежбањето наместо индивидуален чин и битка со внатрешните лимити станува групно искуство водено од фитнес гуру. Ваквите "предавални" важат дури и за возење точак во место.

Ако големите и опремени но ладни и безлични теретани ги замислиме како супермаркети на фитнесот, сега луѓето одбираат "да пазарат" во помали и поинтимни дуќанчиња, каде што се знаат со другите луѓе а колективниот ентузијазам им дава бонус мотивација и им го прави искуството позабавно.

Некои од традиционално форматираните инструктори се сомневаат во новите сили во еснафот тврдејќи дека некои од нив повеќе се вешти забавувачи отколку познавачи на човечкото тело, психологија и механика.

Се разбира, има луѓе кои со нескриено љубопитство и ентузијазам гледаат како во иднина ќе се одвива оваа битка меѓу теретаните и групното вежбање:

 

 

30 јуни 2016 - 17:21