Колку се навистина стари нашите тела?

Добра вест: голем број органи во нашите тела се самообновлив материјал. Лоша вест: некои од нив не се менуваат цел живот.

Навикнати сме да мислиме дека нашите тела, освен што се подложни на стареење, се состојат од истите оние клетки и органи со кои сме се родиле. Ама изгледа не е баш така.

Според ова видео излегува дека секој дел од телото си има свој живот. На пример, внатрешната обвивка на желудникот, постојано напаѓана од киселини, се обновува на неколку дена. Коските се „освежуваат" еднаш на десет години. Нови црвени крвни зрнца се создаваат на четири месеци.

Тогаш, има ли нешто што останува исто? Како за почеток, половина срце. На промените на другата половина треба да си повнимавате. Полоша вест во голем број случаи е дека горе-долу ист каков што бил уште пред раѓањето останува - мозокот.

28 јуни 2016 - 16:06