Пуебла е град со извонредно сочувана шпанско-колонијална архитектура заради што од Унеско е прогласен за светско културно наследство.
На импозантни 18.500 квадратни метри таму е отворен музеј посветен на барокот, архитектонскиот и уметнички стил кој почна да цвета на крајот на 17-от век (а знаме кога и каде прецвета).
Зданието е дело на угледниот јапонски архитект Тојо Ито, добитник на престижната Прицкерова награда за архитектура. Премодерно за наши стандарди, со обични стубчиња.
Музејот е изграден и пуштен во употреба во рекорден рок од само две години а е една од ретките јавно-приватни инвестиции во земјата во која музеите и слични објекти се под државна управа.
Содржи седум постојани и две привремени колекции а има дела од Бразил, Кина, Куба, Франција, Германија, Гватемала, Индија, Перу и Филипините - сè од 17. и 18. век.
Самата содржина на музејот е претставена преку ултра-модерен концепт, со интерактивни простори, екрани на допир, компјутерски управувани објекти и други хај-тек зезалици кои треба да го држат посетителот ангажиран и возбуден од она што го гледа.