Алваро Наваро од мексиканскиот клуб Пуебла влезе во 63’ минута кога неговиот тим играше со играч помалку и губеше 2:0. Кога сите грицкаа семки и мислеа дека мечот е решен, Алваро реши да покаже што знае и да ја натера домашната публика да се држи за глава долго после мечот.