Живот и забава

Поразената претседателка не го дава твитерот

Иако изгуби уште во октомври и земјата има нов лидер, поранешената претседателка на Аргентина никако да се помири со фактот дека не е прв човек во земјата. Последниот бастион од кој не сака да се откаже е нејзиниот претседателски твитер акаунт.  

Како Безос го воскресна Вашингтон Пост

Кога наспроти целиот здрав финансиски разум, Џеф Безос во август 2013-та го купува Вашингтон пост за 250 милиони долари, сајтот има 26 милиони уникатни посетители месечно. Ноември 2015-та сајтот го завршува со 72 милини уникатни посетители. Подеднакво неочекувано беше што наместо да отпушта, Безос вработи уште 70 луѓе, од кои околу 50 се новинари.

Далеку е Болоња

Болоња има еден урбан модел на соработка меѓу граѓаните и локалните власти кој полека ги освојува и другите италијански градови. Кај нас ќе дојде или никогаш или пак онака како што дојде болоњскиот процес во образованието: доцна и карикирано. 

Зошто мамурлукот тера на секс?

Мамурни сте. Уморни. Главата ви е тапан а џигерот би го однеле на авто - пералница, да го исперат под притисок. И згора на сè, ви се сака! А има причини за тоа.

Како да се избрише бившата?

Германски суд донесе занимлива одлука во врска со приватноста а се сведува на прашањето: дали бившиот партнер може да ги задржи интимните спомени од вас. Засега се работи за оние интимни спомени во форма на фотографии и видеа а за мозокот дополнително ќе треба да се утврди дали и како.

Британија е на пат да ја забрани хомеопатијата

Властите во Велика Британија сериозно размислуваат за запирање на поддршката на хомеопатските лекови на кои годишно се трошат 5 милиони фунти од фондот за здравство. За тие пари би можеле да се платат над 200 квалификувани медицински сестри годишно, велат поборниците на забраната.

Дали на децата треба да им се каже вистината за Дедо Мраз?

Родителите ќе се сложат дека не треба да се лажат децата. Па сепак, повеќето од нив ќе направат отстапка од ова правило кога се работи за Дедо Мраз. Дали на децата треба да им се каже вистината за дедото кој еднаш годишно ноќе го прави она што Груевсски везден го прави денски: да оди меѓу луѓето и великодушно да им го раздава тоа што го сакаат. Ако се добри.

Голема опклада за малите сипаници

На германскиот биолог кој понуди 100.000 евра за оној кој ќе му достави докази дека малите сипаници се вирус, судот му нареди поштено да си плати она што го ветил.

Зошто треба да купувате машки верзии на работите

Црвен тротинет за машки, розев тротинет за женски. Двата тротинета се идентични во сè освен во бојата и - парите. Женскиот тротинет е поскап. И тоа не е сè!

И за тоа ли ќе дуваме?

Уште луѓе овде не успеаја да се надуваат од среќа заради најавената легализација на марихуаната (во медицински цели) а веќе стигнуваат вести дека научници работат на машинче слично на алко-тест.

Зошто кешот е најлошиот подарок?

Подарувањето има своја економска логика за која се пишувани цели студии. Но, за вистинската природа на подарувањето, одговорите не треба да ги очекуваме од економистите туку од антрополозите.

Мериот ги укинува масите во собите

Сакајќи да направи простор за новата генерација хотелски гости, познатиот ланец Мериот реши своите соби во иднина да ги ослободи од масите. 

Струјата е опасна, наизменична и кравја

Францускиот кашкавал Бофорт досега беше повеќе познат по извонредниот вкус и деликатната структура отколку по неговата способност да произведува електрична енергија. Но, работите се менуваат.

Та не е саде бозон, та не е саде Хигзов

Физичарите на ЦЕРН соопштија дека два тима, работејки независно, виделе трагови на можна нова честичка.

САД ќе забранува микрогранули

Со новиот закон кој е изгласан во Претставничкиот дом се забранува секакво користење на микрогранули во сапуни, пасти за заби и шампиони за тело. Добрата вест е дека забраната не е затоа што се штетни за здравјето на луѓето (барем не директно), лошата е - затоа што се ужас за околината.

Како е да се биде шанкер во Њујорк

Интервјуа со два анонимни шанкери, едниот веќе ветеран кој 12 години минал на најразлични шанкови, вториот е студент кој сега почнал со професијата. Прво нешто што треба да знаеш за работење како шанкер во Њујорк е дека ти требаат врски за да се вработиш, за ова се согласуваат и двајцата, второ, сите знаат кога некој гостин не е само на алкохол.

Чекајќи го К-15

Секој од речиси 1.400-те вработени во нафтената компанија Хилкорп Енерџи ќе добијат божиќен бонус од 100.000 долари. И не е некој неочекуван напад на филантропија, туку луѓето ги заслужиле парите.

Најпопуларните ТВ серии на Фејсбук за 2015-та

Во општата рецензија на 2015-та во која ФБ анализира за што најмногу дискутирале нивните корисници, посебна ставка имаат и телевизиските серии. Нивниот распоред на листата излгеда вака:

Кои вести најдолго ги задржаа читателите на Њујорк Тајмс?

Затоа што бројките околу тоа колку пати е отворена една статија и не кажуваат нешто претерано за нејзиниот квалитет, уредништвото на Тајмс се интересира за една посуптилна мерка - колку часови читање собрала некоја статија. И тоа се мери.

Казната да се биде убав

Мажите е поверојатно да бидат прескокнати за компетитивни позиции кои се базираат на индивидуални квалитети - на пример, позиција во продажба - доколку се перципирани како убави, е утехата од новата студија на Лондонската школа за менаџмент.

Вест од школото што има толерантност кон невакцинирање

Откако наспроти сите здравствени препораки, училиштето дозволи примање на деца кои не се вакцинирани заради сите коректни аргументи и стравови на нивните родители, се случува неочекуван пресврт и невакцинираните деца почнуваат префаќаат имунитет на сипаници од вакцинираните. Нормално дека НЕ!

Саут Парк, совршениот цртан за ерата на гневот

Ако Саут Парк беше човек, тој ќе беше доволно возрасен за да гласа, иако веројатно немаше да го стори тоа. Овој бесрамен цртан е централата за анти-активистичката сатира и богохулење уште од 1997-ма, пишува Џејмс Пониевозик во текстот за Њујорк Тајмс.

Шишање без муабети

Фризерски салон од Велс на своите муштерии им понуди опција да закажат "тивка столица", столица на која ќе седнат и ќе им биде направена фризура без да мора да муабетат со фризерот. До сега, најдобро решение имаше нашиот финансов во Трендоленд.