Бројни се описите на случаи во кои откако некој пешак ќе биде згазен, возачот се враќа во рикверц и го проаѓа уште еднаш, два пати, три пати.... сè додека не е сигурен дека е решен.
"Само кажете дека не возев јас туку маж ми, имаме да ви платиме," им понудила возачка на семејството на настраданиот откако пред нив и куп други луѓе со своето ауто до смрт го испеглала нивниот човек кој претходно несакајќи го удрила.
Многу од нив се фатени и со безбедносни камери, има ужасотии од снимки и со деца од по 3 години, нема ни да ве линкаме до тие срања.
Како прво, Кинезите знаат и проценуваат дека можат да избегнат казна за убиство. Тоа се прави или со подмачкување кај што треба или со добри адвокати. Приказната за на суд обично им гласи дека е знаеле дека минуваат преку човек, мислеле дека е ќеса или ne[to друго. Па делото се преименува во небрежност.
Значи остануваат парите. А многу поевтино е да се плати за мртов човек отколку за повреден, бидејќи последново треба да подмири доживотни трошоци кои ги носи инвалидитетот.
За првото обично се плаќа меѓу 30.000 и 50.000 долари (еден платил за баба му 70.000 ама па петпати ја прегазил). А плаќање за нега и грижа за инвалид знае да биде десетпати поскапо. Во кинескиот печат имало приказна за инвалид од сообраќајка кој за 23-те години откако настрадал во сообраќајката, од виновникот за удесот примил 400.000 долари.
"Ваквата практика таму трае со децении. Првпат слушнав за неа од локален човек кој ме возеше и за малку ќе удреше моторџија, ама ме "смири" со зборовите "Ништо страшно, ќе се вратев да го дотепам". Мислев дека е шега но тој ми ја објасни локата; така е поевтино. За повреден човек можеш да плаќаш допживотно а за загинат еднократно. Тоа тој го сфаќаше како погребна такса", сведочи за Слејт еден американски професор кој долги години живеел на далечиот исток..