Според извештај на одделот за енергетика ЛЕД осветлувањето покрива околу 13% од уличното осветлување во САД, делумно затоа што троши 50% помалку енергија од "жолтите" сијалици, рокот на траење на сијалиците е меѓу 15 и 20 години, наместо 2 до 5, и за разлика од старите сијалици ЛЕД-от рамномерно ја шири светлината.
И покрај резултатите од студијата, дел од градовите, на пример Њујорк, е на ставот дека потенцијалните здравствени проблеми не се доволно уверливи наспроти бенефитите од првата генерација ЛЕД сијаици што се поставени во изминатите три до пет години.
Портпаролот на компанијата одговорна внатрешното осветлување на Сиетл, Скот Томсен, ги отфрла здравствените грижи околу светло-белите ЛЕД светла, забележувајќи дека тие емитуваат помалку од спорната сина светлина отколку најголемиот дел компјутери и телевизори.
По комерцијалната појава на првата генерација ЛЕД сијалици, американските сојузни власти ги стимулираа сојузните држави и локални власти да почнат да користат ЛЕД светла во уличното осветлување.
Во студијата на АМА се наведуваат докази дека изложеноста на светло со висок интензитет во вечерните часови, може да го зголеми ризикот од рак, срцеви заболувања и прекумерна тежина. Тоа предупредува дека интензивните ЛЕД светла се поврзани се поврзани со намалување на видливоста за возачите.
Освен човештвото, во извештајот се тврди дека ЛЕД светлото има штетно влијание и на животните, посебно на ноќните животни, птици и инсекти.