Муабетот беше дека 86% од луѓето досега живееле во зодијачка заблуда и дека по ново се во нов астролошки знак. Тоа обично одеше спакувано во мистериозни приказни дека НАСА тивко и без никого да праша (?) го сменила зодијакот заради негово уточнување со денешната позиција на планетите.
Првата грутка од лавината ја натапка Космополитен кој коментираше еден автентичен пост на НАСА, но, наменет за деца. Во него се објаснува дека уште пред 3.000 години Вавилонците верувале дека констелацијата на ѕвездите влијае на настаните на Земјата, но дека констелациите се менуваат.... што Косполитен евенчуали го протолкува како одлука на НАСА да ги смени датумите во кои почнуваат и завршуваат со важење 12-те зодијачки знаци.
Во истиот муабет се потегна и воскреснување на 13-от, таканаречен "заборавен знак" Офјукус па страсни фејсбукџии, твитерџии и слични форми на живот си рачунаа дали Офјукус им го пореметува астролошкиот статус и што се по ново.
А бидејќи хороскопската публика по дефиниција е кревка по прашањето на животот и судбината (инаку, што би читала тоа?), се пожалија на разни проблеми, од душевен немир, преку идентитетски кризи па до телесни непрецизности и потреби од редактура:
Со оглед на фактот дека нејзиниот авторитет беше клучен во ширењето на оваа вирална гачка, НАСА дополнително појасни дека тие не се занимаваат со менување на зодијачки знаци туку со математика. И дека астрономијата не е исто со астрологијата, дека првото е наука а второво... нешто друго.
Во секој случај, се очекува следниве неколку дена оваа бура да се стиша затоа што хороскопот предвидува стабилен период.