Капсаицин се вика активниот елемент кој го прави лутото и на оние што не го сакаат, тешко да им се објасни таа садо-мазо љубов. Во суштина капсаицинот е нервен отров и екстрахиран и во големи количини би можел да биде смртоносен.
Студија од 1998 година сугерира дека една од причините зошто јадеме луто е еволутивно логицирање; лутото ги убива бактериите и габите а "непријателот на мојот непријател е мој пријател". Со други зборови, лутата храна се доживува како побезбедна, особено кога нема услови за модерна заштита.
Психологот Пол Розин (кој се прослави со неговата студија за гадењето) говори за таканаречена "хедонистичка обратност", кога ќеиф ни прави нешто што не ни прави ќеиф. Истиот тој механизам може да не доведе да засакаме горчливи вкусови, или оние вкусови како на васабе.
Други пак сметаат дека љубовта кон лутото нема врска со искуството туку со личноста и нејзините склоности. Утврдена е корелација меѓу оние кои обожуваат луто и нивната генерална потреба од сензација и возбуда. Таквите на пример, истовремено обожуваат и ролеркостери.
Лутото има интересна репутација во Кина, особено во провинциите Хунан и Сечуан, познати по својата лута храна. Таму лутото се смета како дел од културниот идентитет што е утврдено уште од Мао Це Тунг.
"Лутата црвена пиперка е вистинска храна за револуционерите. Оној кој не може да издржи луто, не може да издржи ниедна друга битка," говореше Мао кој е роден во провинцијата Хунан.
Уште за лутото на офф:
Каде пиперките го чуваат лутото?
Ако сте по лутото (препорачуваме да видите)