Иако практично е нервен отров, многумина го обожуваат. Има тука и еволутивни причини, има нешто што се вика хедонистичка контра а има и потреба од возбуда (кога веќе нема секс).
Кој барем еднаш се олутил, знае дека семките и оние жилички се најголемиот предизвик. Но, ниту сите пиперки се исто лути ниту пак сите на ист начин ја складираат својата лутина.