Живот и забава

Ни на Јужнокорејците не им се погоди владата

Сторијава има толку неверојатно ставки што повеќе време ти треба за да ја провериш дали е точна, отколку за да ја составиш. Започнува со тоа дека властите во Јужна Кореја ќе почнат со исклучување на компјутерите на вработените, за да ги натераат да си одат дома на време.

Големото француско предавство

За прв пат во историјата францускиот народ ја заврши годината со повеќе изедени бугери отколку традиционалните багет сендвичи со шунка.

Деценијата на неприкосновена Дизни доминација

Деценијата не само што се уште трае, туку како што покажаа рекордите од Црниот пантер, моментално е во најголемиот ек.

Австрија ќе плаќа отштета заради полова дискриминација врз маж

Суд во Австрија одлучи дека вработен во министерството за транспорт бил дискриминиран на полова основа кога позицијата за која аплицирал и била дадена на жена.

Кина го укина правото за возење во авион за луѓето што се штеточини

Како што банките можат мрежно да играат во оценување на клиенти колку се подобни за давање кредит, така од сега комплетната кинеска држава ќе оценува колку некој граѓанин заслужил да користи воз или авион.

Решена една од мистериите во врска со Принц

Го имаме и ние објавено тоа легендарно парче кое глобално е видено преку 65 милиони пати (види: Кога Принц цимoли јако), но кое остави една загатка откако Принц го заврши своето соло.

Норвешкиот град во кој не смееш да умреш

Во 1950-те властите на Лонгјир носат забрана за умирање во нивниот град. А не дека се луѓето секташи или слично, само таква им е земјата.

Флаширана микропластика

Тестирање на 250 шишиња вода од најголемите светски брендови купени во 9 различни држави низ светот, покажале дека речиси секое од нив содржело микропластика.

Каде се кршат диетите

Не е затоа што си прасе дебело без карактер и самоконтрола. Ок, барем не е само заради тоа.

ХБО: Веројатно сите ликови од Игра на тронови ќе умрат

Еден од извршните директори на ХБО откри дека главните ликови од Игра на тронови ќе бидат убиени „еден по еден“ во текот на последната сезона, ако е некаква утеха најави и 5 спин-оф серии од шоуто.

Си го уништила џигерот фарбајќи си ја косата

Средовечна жена последниве 10 години редовно си ја фарбала косата еднаш месечно, сакајќи да ги покрие знаците на стареење односно белите влакна. Ене ја, со цироза.

Како ЕУ ќе се бори против лажни вести, ако не знае што се?

Прв проблем во борбата на ЕУ против лажните вести е што уште не разбираат што точно треба да регулираат, и начинот на кој моментално се обидува да расчисти малку од малку околу темата, само го влошува проблемот.

Човекот што 2 месеца вестите ги дознаваше од весник

И покрај тоа што комплетно се изолира од електронски извори на вести или нотификации од кој било вид, сепак информацијата за масакрот во Паркленд некако успева да се пробие до Фарад Манџу од Њујорк тајмс. Освен инцидентот тој успешно го завршува 2-месечниот целибат.

Бела Европа

Студија рангира 60 градови од 19 европски земји според потрошувачката на кокаин во нив, и вади резултат дека од топ 5, три се швајцарски градови. Што и не е чудо во конкуренција во која има 14 градови од Финска и 10 до Белгија, а ни еден од Романија, Бугарија или Србија.

Алекса, што е смешно?

Жив човек да почне по дома да ти се смее и кикоти без причина, ќе те извади од памет. А не па справа.

Милчо Манчевски: Кругот е како пита пастрмајлија

„Станав режисер само за да бидам сигурен дека некој режисер нема да ми го зезне сценариото,“ вели човекот кој во филмовите сака да си игра со времето и кој би се убил од досада да треба да прави конфекциски филм. Признава дека со текот на времето, сè поважна му станува добрината на човека, а сè помалку дали е некој паметен, талентиран или успешен. За уплавот на Холивуд (oд различното), за смртта на Дебар Маало (од Мирослав Грчев), за тоа како би изгледал Ајрон Мен кога тој би го режирал, за тоа како е можно во време во кое е толку лесно да се провери вистината, толку да се лаже на ангро. И за разнимити други работи, Милчо Манчевски, изволте.

Притисокот од околината те тера да купуваш работи што не ти требаат

Секое купување на нова работа создава спирала на потрошувачка која доведува до купување други нови работи, без да се има никаква реална потреба од нив.

Рецесијата од 2008 нè разболе

Несигурноста и негативните очекувања создадени од рецесијата (а не од невработеноста) се причина за глобален раст на прекумерната тежина, дијабетесот и проблемите со ментално здравје.

За колку пари би возел точак до работа?

Неполн месец откако една новозеландска компанија им понуди на своите вработени да работат 4 дена неделно а да бидат платени за 5, друга реши да им плаќа бонуси на вработените што со велосипед ќе доаѓаат на работа.

Да не си им во кожа на канадски доктори

Над 500 доктори и уште 150 студенти по медицина, потпишаа јавно писмо до канадската влада во кое протестираат против покачувањето на докторските плати. Доста им е плата, нека има и за другите.

Точно е за она за клинот, само сменете клин

Научна студија сугерира дека марихуаната го штити џигерот од злоупотребите на алкохол. Да. Гледате како тоа некој „горе“ фино го смислил. А потоа луцидниот народен гениј кој има отворени чакри кон вишите сфери, тоа умешно го преточил во препораката „лута трава на лута рана“. А дел од вас упорно верува дека ќе бидете во божја милост ако - не мрсите во петок.

„CNN ефектот“ загина во Сирија

На почетокот на 90-тите, сликите од балканските воени ужаси беа доволни западната јавност да се заинтересира/ангажира за проблемот и да поддржи воена интервенција, а доаѓањето на Кристијан Аманпур во некоја земја беше сигурен знак кој ќе биде домаќин на следната крвава теревенка. Веројатно заради презаситеноста од информациите, таа јавност денес е огуглана на таквите слики и едноставно е индиферентна во однос на војните и страдањата.

Дијабетесот се пет посебни болести

Неконтролираното ниво на шеќер во крвта обично се дели на тип 1 и тип 2. Ново заедничко истражување од Шведска и Финска откри дека станува збор за 5 одделни болести, и секоја од нив бара посебна терапија.

Кој си отиде дома со Оскар?

Дел Торо е најдобар режисер и го има најдобриот филм (The Shape of Water), Гери Олдман, непрепознатлив како Винстoн Черчил, е победник кај машките улоги, одличната Френсис МекДорманд зема Оскар за најдобра женска улога, за најдобри споредни ролји прогласени оние на Сем Роквел (цајканот во Три билборди) и Алисон Џени (мајката на Тоња Хардинг). Годинава немаше фрка со пликовите. Водеше Џими Кимел кој рече дека статуетката е пример каков маж му треба на Хoливуд: да ги држи рацете онаму кај што се гледаат и да нема пенис.