Лил Теј моментално има речиси 2 милиона следбеници на Инстаграм, наводно повеќе пари отколку што може да се добројат, и однесување кое дефинира нови нивоа на „дериште“.
Репертоарот и е составен од покажување колку многу пари има (турирање Ферарија, шутирање Ролс ројс, златни синџири од 350.000 долари) и речник кој моли за примена на одредени ЈНА дисциплински методи, додека аспирациите тераат накај хип-хоп кариера.
„Природата на социјалните медиуми и културата на шокирање значат дека претерана карикатура како Лил Теј е осудена да стане вирална. Таа е сè што ние мразиме да бидеме, а кон кое истовремено се стремиме како култура, засилено и спакувано во гротескно мало пакување.
Гледањето на нејзините видеа остава чувство како нешто непријатно да ти се залепило за мозок и почнало да го јаде.
Со над 1,9 милиони следбеници на Инстаграм, Лил Теј е пример за несреќа од која не можеш да го тргнеш погледот, само што е во минијатура - болна минијатура што те костреши,“ пишува Тај Онг во Верџ.
Ако ја прашувате мајка и на Лил Теј, Тиан, сите што критикуваат „не ја сфаќаат фората“ и дека видеата на ќерка и е се „комедија“ и „глума“.
„Перформансот„ на малата изгледа вака: