Како Робин Вилијамс му го скршил носот на Де Ниро и други работи од неговата нова биографија

По уникатно богата децениска кариера и веројатно подеднакво долга борба со депресија и пропратни проблеми, Робин Вилијамс во 2014 си го одзема животот со бесење. Месецов Дејв Ицкоф од Њујорк тајмс ја објавува биографијата за Вилијамс „Оружја за самоуништување“.

- Војници играчки

И покрај тоа што доаѓа од богато семејство, Робин во детството минува долги години играјќи си сам во поткровјето на семејната вила, каде замислува битки меѓу баталјони од војници играчки. Тој долги години низ детството е опседнат со војниците, за кои развива цел свет и карактери.


- Вилијамс можел да заврши како менаџер некаде во Мичиген доколку неговите родители не се селеле постојно

Пред почетокот на кариерата Вилијамс го посетува Детроит кантри училиштето, облечен во сако и со актовка. И тој многу природно се чувствува во оваа околина и има одлични резултати на училиште, што со оценки, што со активности и поведени.

„Со нетрпение чекав да започнам нормален живот и планирав да одам или во некој мал колеџ на Средниот Запад, или ако имав среќа, во некое од првокласните училишта,“ изјавил Вилијамс.

Промената на плановите се случува кога татко му се преселува во Сан Франциско, по што гледиштата на Вилијамс почнуваат да се менуваат.


- За скршениот нос на Де Ниро

За време на снимањето на една посебно физичка сцена од „Будења“, Вилијамс со лакт го удира Де Ниро во нос и му го крши.

„Се слушна звук како да се крши коска од кокошка,“ искоментирал Вилијамс.

Иако глумците и екипата се на раб на паника како ќе реагира Де Ниро, по ова не се случуваат никакви инциденти или насилство.

Де Ниро во едно интервју подоцна објаснува „работата е што носот претходно ми беше скршен, и тој го врати на место и го исправи. Сега изгледа подобро отколку порано.“


- Вилијамс помага да се спаси животот на Кристофер Рив

Неколку дена по несреќата на Рив, во еден од најтрауматичните периоди од неговото закрепнување, Вилијамс се појавува во болницата каде што лежи Ривс, облечен во бел мантил тврдејќи дека е проктолог на актерот. Ова е прв пат по несреќата Рив да се насмее.

17 мај 2018 - 15:52