СЗО има план до 2023 година да ги отстрани вештачките трансмасти и за сите земји ќе обезбеди водич како да ги елиминираат овие елементи од нивната вообичаена трпеза.
Трансмасти е заедничко име за незаситени масти со транс-изомер (Е-изомер) а се добиваат кога маслото од растително потекло со стврднува во процес наречен хидрогенација. Се користат на ангро во прехранбената индустрија, во пржена храна, грицки, маргаринот, креми за кафе итн. Погодни се за тоа затоа што се расипуваат побавно од останатите но се лоши за кардиоваскуларниот систем, нивото на 'лошиот' холестерол и дијабетесот.
"Постојат земји каде што здравствениот ризик од ваквата исхрана е особено голем," велат експерти од СЗО наведувајќи ги за пример државите од јужна Азија но во слична ситуција е и Блискиот исток, Мексико, Јужна Африка....
Пакетот предлог мерки на СЗО за истребување на трансмасните киселини од исхраната се вика REPLACE и во негов има образовни, даночни и други алатки со кои треба да се постигне зададената задача.
„Вештачките трансмасти лесно се заменуваат. Нема потреба да го менувате ни вкусот ни трошокот на омилените јадења. Само вашето срце ќе ја познае разликата“, порачува поранешниот директор на американската агенција за контрола и превенција на болести.
На умните луѓе одамна им беше сомнителен тоа маргаринот. Направете проба. Негде надвор оставете парче маргаринот и парче путер и видите кон кое парче ќе тргнат мравките. A мравките успеваат да преживеат на планетава уште од времето на диносаурусите.