Планот е Хакашу 12 да престане со продажба следниот месец, а Хибики 17 (вискито што го пие Бил Мареј во Изгубени во преводот) некаде во септември.
„Пример кај Хибики 17, најмладото виски во него е 17-годишно, а пред 17 години луѓето не пиеа толку многу јапонско виски, па Сунтори и (конкурентите) Ника не произведуваа толку многу.
На домашен пазар продажбата порасна, но исто и на меѓународен, посебно на поновите пазари кои претходно ги немаа. За жал, зголемената побарувачка со ограничената залиха ќе резултира во недостаток на виски,“ објаснува ко-авторот на книгата Јапонско виски, Брајан Ешкрофт.
Моменталниот дефицит на виски се должи на реакција на јапонскиот пазар од почетокот на 1980-те, кога тамошните пијачи решаваат да свртат на коктели со вискија или разводнето виски. Затоа што за овие пијачки нема никаква потреба од поквалитетно виски, јапонските производители го намалуваат производството на повеќегодишни вискија.
Пред ова Сантори се обидоа побарувачката да ја намалат со кревање на цената „ама шишињата се купуваат без разлика колку беше висока продажната цена.“
Глобалниот интерес по јапонската „вода на животот“ започна пред една деценија, кога јапонските сингл малт и премиум вискија почнаа на меѓународните натпревари да добиваат подобри оценки од шкотските вискија.
Заради неопходното време што треба да мине во зреење на вискито, Ешкрофт претпоставува дека „ќе минат години пред одредени верзии повторно да станат јавно достапни.“ Неговата утеха е дека Јапонија има и други производители на виски.