Bookbox

Историјата на Александар Maкедонски е исполнета со битки, освојувања и легенди што со векови ја замаглуваат границата меѓу фактите и митот. Колку повеќе растела неговата слава, толку повеќе приказни почнале да се плетат околу неговото име - некои вистинити, некои преувеличени, а некои целосно измислени. Една од нив е и приказната за неговата наводна посета на Кипар и необичното крунисување на сиромашен градинар. 

Учењето странски јазици, дури и на наједноставните, не е лесно. Затоа наставниците со години бараат покреативни начини за приближување на јазиците до учениците — преку серии, стрипови, музика и популарна култура. Но што се случува кога станува збор за латинскиот, јазик кој многумина го доживуваат како далечен, строг и „мртов“? Еден британски професор нашол неочекуван одговор: Битлси.

На 104 почина Едгар Морен, мислителот кој се спротивставуваше на едноставните одговори

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

Убав е шопингот во Солун, ама колку знаеме за неговата урбана историја?

Можеби сто пати сте ја шпартале Цимиски и сте ручале во таверните во Лададика. Но Солун е многу повеќе од шопинг и добра храна. Градот содржи многубројни слоеви историја и мрежи влијанија, кои често се маргинализирани или репресирани. Овој пат за неговиот урбанизам и архитектура, плански создавани по катастрофалниот пожар во 1917 и двајца визионери-уметници, чии животи се вградиле и во биографијата на градот.

Зошто има 60 минути во еден час?

Денес ретко размислуваме зошто денот има 24 часа, часот 60 минути, а минутата 60 секунди. Овој систем ни изгледа толку природен што речиси никогаш не го доведуваме во прашање. Но зад него не стои некој универзален закон, туку низа историски одлуки, цивилизации и практични потреби стари илјадници години. Дури и обидите да се создаде „пологичен“ систем не успеале да го заменат наследството што ни го оставиле древните народи.

Правилото на „ќелав-со коса“ на руската политика

Секако дека не е закон или правило во вистинската смисла на зборот. Но статистиката покажува дека по еден руски лидер со коса, доаѓа друг без неа и така во низа која трае од 19 век. По оваа логика по Путин би требало да дојде некој со повеќе влакна на главата. 

Зошто грејпфрутот е „нуклеарно“ овошје?

На сликата долу е црвен (некои го викаат и „крвав“) грејпфрут, кој официјално се вика Рио Стар. Тој е највообичаено одгледуваниот вид во Тексас, а од 1993 е и официјалната овошка на оваа држава. Историјата на неговото создавање има врска со - радијација. 

Како Хрватот Хуан (Иван) Вучетиќ прв расветлил убиство со помош на отпечатоци?

Името кое најчесто се спомнува кога станува збор за научното докажување на уникатноста на човечките отпечатоци е Франсис Галтон, познат и како внук на Дарвин. Но сепак имал и претходници кои го трасирале патот за во 1892 да се случи првото расветлување на случај со помош токму на овие докази. 

Kниги на 2024: „Свила: светска историја“

Во областа на научно-популарните книги оние со еден збор во насловот по правило добро поминуваат, како „Сол“ или „Сапиенс“, затоа што асоцираат на сеопфатност и авторитетност во однос на таа една тема. Кога е во прашање оваа книга на Аарати Прасад, таа е навистина опишана како „детален преглед на темата на природни текстилни влакна“, поконкретно на свилата. Знаевте дека ја произведуваат и пајаци и школки?

Пред модерните апликации за следење, љубоморните сопружници користеле - педометри

Ништо не е ново на Земјата, па ни обидите да се следи движењето на блиските, што поради безбедност, што од пуста желба за контрола. Педометрите во времето на нивната поупларност служеле за разни цели, па и за собирање на нешто што денес би го нарекле „приватни податоци“.

Јадењето банана од 6.2 милиони долари од еволутивна перспектива

Човекот не е ништо поразличен од животните кога станува збор за пување, со физичка сила или со поинаков вид статус и моќ. Во случајов чинот на јадењето на „уметничкото дело“ - банана со селотејп - од страна на нејзиниот сопственик што беше пренесувано во живо не е ништо поразлично од она кога паунот ќе ја рашири опашката, сигнализирајќи - видете колку ми е голем(а)!

На некогашниот Ден на Републиката: зошто треба да се прочита „Бланк“ на Феѓа Штукан?

За оние кои не го знаат, Феѓа е актер, пилот и писател, кој поминал низ ужасот на босанската војна како дел од специјалните единици на армијата на БиХ. Од таму излегува глумејќи дека е психички пореметен. По војната дипломира на Академијата на сценски уметности во Сараево од каде започнува неговиот подем во светот на филмот. Но помеѓу сето ова има голем број „бланко“ места пополнети со дрога, смрт на блиски, но и верба во луѓето и во животот.

Ви застуди денес? Погледнете го филмот за жената што нурка под мраз само во костим за капење

Нејзиното презиме гласи „северна крв“, а прекарот „балтичка харинга“. Обете совршено ѝ одговараат, бидејќи таа до неодамна го држеше рекордот за слободно нуркање под мраз. Само што ја гледате на екран почнува да ви ѕемне снагата, а не па да ставите прст во водата. 

74-годишниот пиљар кој за 25 центи ја продал бананата која на аукција постигна цена од 6.2 милиони долари

Човекот дели соба во подрум во Бронкс и работи по 12 часа на смени. Иaко е доста возрасен, веројатно не очекувал дека во животот ќе му се случи вакво нешто - да продаде банана за 25 центи, а потоа да слушне дека истата таа била продадена за - 25 милиони пати повеќе! Можеби па е до селотејпот?

Најтрагичните шопинг стампеда во историјата

Ако сте како нас да полните кошничка онлајн чекајќи „црн петок“, а во меѓувреме да ја празните затоа што сте се премислиле и на крај да ви остане едно нешто, а и тоа баш не мора, тогаш тешко дека ќе заглавите во редиците пред каса кои веќе почнуваат да се формираат. Ама има и поупорни.

Книги на 2024: Како фрижидерите ја променија нашата храна, планетата и нас самите

Помеѓу списоците кои излегуваат деновиве за „нај“ книги на годината што полека изминува, се наоѓа една која ја истражува праксата на вештачко ладење и замрзнување на храната, што извршило исто толку голема револуција во нашите навики и начин на живот колку и парната машина. 

Букбокс гледаше: „Џој“ или за почетоците на ин-витро оплодувањето

Ова е фил-гуд филм за тројцата заслужни за тоа што милиони парови низ светот кои не можејќи да добијат потомство по природен пат денес се радуваат на своите дечиња. Како што тоа го прават родителите на тукушто родениот Петар. 

Кога Њутн си направил список од 57 свои гревови

Сер Исак Њутн, еден од најзначајните и највлијателни научници во историјата, ги открил законите на движење и универзалната сила на гравитацијата. Елегантните равенки станале инспирација за просветителството, расчистување со црковните догми кои во својот центар го ставаат Бог. Па сепак, Њутн сметал дека до својата 20-та година имал сторено повеќе десетина гревови.

„Покемон шок“: кога 685 деца завршиле во болница поради цртан филм

На 16 декември 1997 цртаниот филм Покемон се најде на светските насловни страници поради инцидент во кој децата што ја гледале тогаш емитуваната епизода добиле епилептични напади и слепило. 

Дали и вие буквата „р“ ја замислувате како цик-цак, а „л“ како рамна линија?

Говорители на 28 различни јазици ги поврзувале токму на овој начин звуците и облиците на овие букви во 88% од случаите, што е најсилниот аргумент за тн. звучен симболизам до сега. 

„Гладијатрикс“ - во древниот Рим имало и жени-гладијатори

Додека го очекуваме вториот дел од „Гладијатор“ со Пол Мескал, чија премиера се случи неодамна во Лондон, да видиме што се знае за жените кои ја играле истата улога, но за кои барем засега не е снимен филм. 

Букбокс читанка: „Дневникот на еден морепловец“ од Теодор Кузман

Пред точно еден месец битолчанецот Златко Симовски издаде книга за своите искуства како работник на крузер. Откако беше одбиен да ја промовира во локалната книжарница, тоа го стори во продавница за алкохол и го постигна посакуваниот ефект - го привлече нашето внимание. Ја прочитавме книгата, оттиснувајќи се заедно со него на далечно патување, но поштедени од морска болест и дрски шефови-земјаци. 

Дали сте неприлагодени или само „во душа Финци“?

Резервираните интроверти ги викаме чудни, срамежливи, „затворени“, гикови. Е, ама во Кина, благодарение на еден стрип, од скоро ги викаат - Финци.

Како мачката да стекне хигиенски навики - прирачник од џезерот Чарлс Мингус

Американскиот виртуозен контрабасист, композитор и пијанист, бил познат по својот избувлив темперамент. Некој мрчатор еднаш толку го изнервирал што без размислување од него го треснал својот бас од 20.000 долари. Друг пат, кога пијанистот што го придружувал постојано грешел, Мингус СО ГОЛИ РАЦЕ ги истргнал жиците од пијаното. Е, ама кога биле во прашање мачки, човекот имал зен трпение.

„Манифестирање“ е збор на 2024 според речникот на Кембриџ

Кога славни личности и „инфлуенсери“ тврдат дека постигнале нешто затоа што го манифестирале, тие користат глагол во тазе значење на користење специфични практики за фокусирање на умот на нешто што го сакаш, за тоа да стане реалност. Манифестирате?

Кога грешката не е грешка

Забораваме каде сме паркирале. Ги губиме клучевите. Им се обраќаме на луѓе со погрешно име. „Да се греши е човечки“, напишал поетот Александар Поуп. Да, ама не е САМО човечки.

Момчето што го сфати значењето на зборовите

Вчера, 19 ноември, беше соопштено дека на 92-годишна возраст починал Шунтаро Таникава. Тој е еден од најпознатите повоени јапонски поети, а неговото дебитантско дело од 1952 било насловено „Две милијарди светлосни години самотија“ (Маркес може вода да му носи). И покрај генералното непријателство на Јапонија кон американската култура во тоа време, тој го преведувал стрипот со Снупи и внесувал американизми во своите дела. Како на пример - лименка кока-кола.

Потеклото на #rip

Акронимот кој најчесто означува дека починала позната личност (или можеби нечија батерија) е rest in peace или почивај во мир. Но она што најчесто го читаме и толкуваме на англиски е всушност латинска кратенка.

Пред премиерата на „12“ во МНТ - интересни факти за текстот и филмовите

Многу е веројатно да сте гледале некоја од верзиите на екранизацијата на текстот на Реџиналд Роуз, за 12-мина поротници и нивните дискусии за тоа дали постои основано сомневање за она за што се товари осомничениот. Една човечка судбина е во нивните раце. Текстот што се занимава со универзалната тема на „психологијата на толпата“ и моќта на поединецот да направи разлика е поврзан со интересни факти.