Исправувањето на две нозе нè направило помузикални

Фактот дека луѓето одат на две нозе е веројатната причина поради која сме развиле ритмички, музички и лингвистички способности, тврди ново истражување. 

Транзицијата од одење на четири кон одење на две нозе, или со други зборови исправувањето на луѓето, не влијаело само врз тоа како се движиме туку и на начинот на кој тие мислиме и комуницираме. 

„Бипедалните (двоножните) чекори создаваат ритмички и попредвидливи звуци на движење, во споредба со начинот на кој се движи нашиот најблисок жив роднина, шимпанзото, на сите четири, со нерегуларни чекори помеѓу гранките“, вели лекарот и истражувач Матс Ларсон од државниот универзитет во Флорида. Наодите од истражувањето се објавени во најновиот број на списанието Current Anthropology од април 2025. 

Кога на пример двајца луѓе пешачат еден крај друг, тоа создава добри можности звучно и ритмички тие да се вклопат во околината. Помеѓу чекорите има тивки интервали а кога тие се синхронизирани мозокот може да ги групира звуците и да ги оддели од другите кои доаѓаат од околината. Така, еден лав или еден непријател може да биде забележан на време. Поединците кои немаат ваков ритам најверојатно би биле (буквално) истргнати од генетскиот пул.

Всушност, уште во матката нероденото бебе е повлијаено од ритмичките движења на мајката. Тоа го активира нејговото чувство за рамнотежа и влијае врз слухот, како и врз чувството за сопствената позиција и движења. Нормалното темпо на одење е околу 120 чекори во минута, што е истото како и она на голем број музички дела. Нашето срцево биење има поинаков ритам, околу 70 удари во минута, но тоа само го стимулира слушањето, а чекорите создаваат искуство кое е повеќе музичко. Истовремено, тоа се вклопува во она што го знаеме од искуство - дека трчањето и прошетките ја промовираат креативноста и можат да поттикнат нови мисли. 

11 април 2025 - 09:34