
Кога во февруари оваа година Мајк О'Брајан се пензионирал после 32 години работа во компанијата Форд Мотор, тој на неколку стотини свои колеги им ја испратил вообичаената порака за збогум. Во неа се присеќавал на своите почетоци, на успесите и предизвиците, им се заблагодарил на сите, но им испратил и нешто друго.
На мејлот била прикачена и таблица со неколку илјади лапсуси направени од соработниците. Така на пример, на состанок во 2019, на кој се дискутрало претставувањето на нов модел автомобил, колега изјавил: „Ајде да не го измислуваме одново океанот“ (вообичаената метафора е - тркалото).
На друг состанок од 2016, некој почнал реченица со: „Не сакам да звучам како расипан тапан, но...“ (веројатно мислел на плоча).
Повеќе од една деценија, О'Браен водел регистар на помешани метафори и лапсуси изговорени на состаноците и дружењата на вработените во Форд. Во него има точно 2.229 вакви ставки, а забележан е точниот цитат, името на човекот и коментар. Така, откако некој колега изјавил „Тоа е голема задача, но ќе се обидеме да ги ставиме рацете И НОЗЕТЕ“ околу неа“ (англискиот израз подразбира само раце), О'Браен додал коментар: „Додавањето на нозе во реченицата прави таа да звучи малку еротски“.
Листата станала толку позната што други директори почнале да го колнат колегата кој правел да се чувствуваат непријатно на собирите. Некои во сите овие години се обидувале и да извршат притисок да бидат избришани, но главно без успех. И никој не е изземен од граматичкото „роустање“ - ЦЕО-то на Форд, Џим Фарли, два пати бил на списокот.
О'Браен не се сеќава како дошол на идеја да ја почне целата работа. 55-годишниот жител на Детроит многу сака да чита и е љубител на крстозбори но не е професионален лингвист. Ова не го смислил од злоба, туку да си ги освежи работните часови кои главно се состоеле од промовирање на новите Форд модели и од нудење бескаматни кредити за нив. Интересно е што иако се плашеле да не се најдат самите на списокот, вработените му дојавувале цитати од колеги. „Победник“ со дури 184 лапсуси е извесен Мајк Марфи, долгогодишен маркетинг менаџер. Според О'Браен ова многу зависи од тоа колку некој зборува генерално, бидејќи така веројатноста да каже нешто погрешно е поголема.
Сепак, понекогаш не е јасно дали некој намерно кажал како што кажал - погрешно - поради ефект. Таква реченица од списокот е „Читај помеѓу чајните листови“ наместо „Читај во листовите чај“. Зошто да не може вака, ако може меѓу редови?