
Филмови направени со помош на вештачка интелигенција ќе можат да влезат во конкуренција за највисоките признанија на Оскарите.
Ова го изјавија од Академијата што го доделува престижното признание во соопштение издадено на 21.4. во кое се вели дека употребата на ВИ и други дигитални алатки, „ниту помагаат ниту пак ги намалуваат шансите за добивање номинација“.
Генеративната ВИ која може да создаде текст, слики, аудио и видео како резултат на едноставни текстуални „промптови“. Таа помогна да се произведат некои од филмовите кои добија Оскари во март оваа година.
Така, употребата на ВИ на филм стана жешка тема откако Едријан Броди ја однесе наградата за најдобар актер за својата улога во „Бруталист“. Во филмот се користи генеративна ВИ за подобрување на неговиот акцент кога зборува унгарски. Потоа излезе дека слична технологија за клонирање глас била употребена за да се подобрат гласовите на актерите во мјузиклот кој исто така доби неколку Оскари, „Емилија Перез“.
Ова беше дочекано и со критики, со оглед на тоа што актерите и сценаристите и претходно (во 2023) ги изразија своите стравувања, дека поради ВИ можат да ги загубат своите ангажмани. Нивниот штрајк заврши со тоа што беа воспоставени правила за користење на ВИ како дел од договорите помеѓу синдикатите и студијата.