
„Оџисан“ (чичко, чиче), како што се вика играта со карти, e заштитен знак на Кавара во регионот Фукуока. 28 реални мажи од заедницата се замислени како ликови кои треба да се собираат. „Чичко“ подразбира барем средовечен маж, но во играта има и луѓе во поодмината возраст.
Секоја карта има потези и статистики поврзани со работата на конкретниот човек и неговите посебни таленти. На пример, 74-годишниот Хонда бил командир на противпожарна бригада па неговиот лик се вика „Фајрвол“ (заштита од пожар), а потегот „Супер чувар“. 81-годишник по име Такешита е „Соба мастер“, бидејќи ги учи луѓето да прават нудли.
Креатор на играта е генералниот секретар на градскиот совет, Ери Мијахара. Нејзината цел била да се намали генерацискиот јаз помеѓу децата и повозрасните членови на заедницата.
И изгледа дека планот функционира. „Оџисан“ е хит кај градските деца, кои сега присуствуваат и на локални настани кадешто можат и лично да се запознаат со „чичковците“. Поранешен затворски чувар, Фуџии (68) е станат толку популарен што децата му бараат да им ја потпише картата со неговиот лик.
Картите не се скапи - од 40 денари за три, до пакетче со шест ретки карти во сјајна верзија за околу 200 денари.