
Може да се каже дека какво и да е парче музика кое трае само 6 секунди не може да остави кој знае каков впечаток. Но корисниците (како нас) кои се сеќаваат на „кревањето“ на компјутерите во 1990-тите не би се согласиле со ова. Истото важи и за Конгресната библиотека во Вашингтон. Оваа недела, ѕвончињата од мелодијата за Виндоус 95 се придружија на „Моето срце ќе продолжи“ на Селин Дион и на саундтракот за играта Мајнкрафт на композиторот Даниел Розенфелд во Националниот регистар на снимки.
Опишан како „еден од дефинирачките звуци на историјата и културата“, ова арпеџо ги поздравуваше корисниците на Мајкрософт веднаш по вклучувањето на компјутерот. Ако не ви текнува или не сте ни биле родени во тоа време, еве како звучеше:
Од Мајкрософт му се обратиле на Брајан Ино, за да создаде звук кој ќе асоцира на „добредојде“ и кој ќе инспирира. Овој пак го опишал проектот како правење „мал скапоцен камен“ и креирал 84 различни варијанти. Иако согласно нарачката музиката требала да трае само 3.25 секунди, на крај од компанијата избрале речиси двојно подолга.
Други внесени музички дела во 2025 во Конгресната библиотека се и „Збогум жолта улица“ на Елтон Џон; „Мојот живот“ на Мери Џеј Блајџ и оригиналниот албум „Хамилтон“ снимен на Бродвеј.