
Интригантно е кога еден збор се повторува во ист облик во различни, често несродни јазици. Така, „тарифа“ звучи горе-долу исто на француски (tarif), шпански и португалски (tarifa), холандски (tarief), полски (taryfa) и турски (tarife). Ваквата ситуација е ретка и поттикнува истражување.
Помеѓу сите овие верзии постои врска - арапското ta'rif, со значење нотификација, соопштение, објаснување, или чинот на тоа некој или нешто да стане свесен или запознаен со одреден факт.
Подоцнежните значења на терминот, особено во Европа, почнале да се поврзуваат со цена или маржа. Така, во 16 век во Италија, тарифа значело „аритметичка таблица“ односно таква која содржела информации за некаков бизнис или зделка, претставени на начин кој е лесен за разбирање. Истовремено, ваквите таблици требало да ги информираат купувачите за одредени даноци за увоз.
Но како еден арапски збор толку се проширил низ Европа. Во средовековниот период, целиот Медитеран бил испресечен со мрежа на трговски рути, поврзувајќи ги морските пристаништа на јужна Европа со оние во северна Америка, Левантот, Црното и Црвеното море итн. Како што се тргувало со стоки, така се разменувале и зборови и фрази. „Тарифа“ е само еден од нив.
Помеѓу другите е и „џар“ (на англиски - тегла) кое било име на еден вид арапски сад од глина, наречен „џара“, а во кој се транспортирале течни материи како мед, вино, сируп и вода низ средовековниот Медитеран. Кај нас се уште се среќава „магаза“ за складиште или магацин, а во англискиот истиот се пренаменил за да означува печатено складиште на информации (магазин, што се користи и кај нас).