Bookbox

Доктор Роберт Корниш бил нешто како вистински Виктор Франкенштајн: верувал дека смртта не мора да биде конечна и со помош на необична направа се обидувал да ги врати во живот телата на кои срцето веќе им престанало да чука.

Од изгледот и здравјето до работата, спиењето и дури одморот – во 2026 година се чини дека сè може да се оптимизира. А сега за таа опсесија постои и збор на годината.

Дали познавате ваков историчар?

Марк Блох бил сведок на големи настани во европската историја, во која не учествувал само набљудувајќи ја од кабинет и од академски височини. Бил пешадиски офицер во Првата светска војна, а по германската окупација на Франција во Втората му се приклучил на движењето на отпорот. Гестапо го стрелал во 1944. Сите овие премрежја му помогнале да пристапува на историјата „од долу“ - од аспект на таканаречените „обични луѓе“, а не само земајќи ги предвид официјалните документи и приказната на победниците. 

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Филм кој на дел од сајтовите е класифициран како „комедија“ всушност е болна сатира за тоа како современите образовни системи, ориентирани кон квантитативно мерливи „постигнувања“, се справуваат со „скапаните јаболки“ помеѓу учениците - оние кои го нарушуваат одвнатре. Како да решиш проблем со еден таков пред доаѓањето на инспекција? Заклучи го во визба. 

Хризантема: цветот што ја победува есента

Кога воздухот станува посвеж, хризантемата одбива да ја прифати промената на сезоната. Раскошна, со густо наредени ливчиња во бои од бела и жолта до бронзена, лила и темноцрвена, таа ги разубавува градините токму кога повеќето други растенија веќе се подготвуваат за зимскиот одмор. Но, таа не е само есенски украс. Нејзината приказна трае повеќе од три илјади години и ги поврзува древната медицина, царските дворови и различните културни претстави за животот и смртта.

Што е тоа „бекзистенцијализам"?

Ретко се случува Букбокс да има некаква врска со спортската рубрика на сајтов. Ама подобро од ова не може да биде - како би изгледало кога Бекам не би се викал Дејвид, туку Жан-Пол, и би играл за „Егзистенцијализам"?

Како да не успееш во речиси сè

Koга се во прашање стриповите, главно ги фаворизираме нам омилените Калвин и Хобс и xkcd. Но еден неправедно сме го прескокнале - Дилберт и неговите канцелариски авантури. Интервју со неговиот автор, по повод излегувањето на неговата нова книга.

Боже, чувај ме од пријателите

Пријателството е еден од оние концепти кои интуитивно ги препознаваме, но кој одолева на обидите да се дефинира и рационализира. Една нова книга се обидува да го стори токму тоа.

Морисеј да ти бил човекосексуалец

Мемоарите на некогашниот фронтмен на Смитс станаа контроверзни уште пред да бидат објавени. Последни кренаа врева оние кои се скандализираа од одлуката таа да се објави во престижната едиција „Пингуин класикс". Образложението на издавачот - парите од Морисеј ќе ги вложиме во следни изданија на Монтењ.

Колку далеку скока жабата од расказот на Марк Твен?

Во приказната на Твен „Славниот скокачки жабец од округот Калаверас" еден водоземец по име Даниел Вебстер „можел со еден скок да помине поголема далечина од кое и да е друго животно од неговиот сој". Во потрага по овој „ѕвер" спомнат во расказот научниците го посетиле округот, и еве што нашле.

Од интимноста на автопортретот до бизарноста на „селфи"

Автопортретот, кој некогаш беше авторефлексивен израз на најинтимните чувства на големите уметници, сега се претвори во сосема нов ѕвер: селфи. И во уште еден медиум за уметничко истражување на неговите предизвици.

Каква врска имаат Гринспан и Уелбек?

Како една позната изрека, и тоа со слично значење само во различен контекст, може да зближи и толку идеолошки спротивставени ликови како некогашен директор на Федералните резерви на САД и француски романописец - нихилист.

Русите ударнички за Толстој

Дали би волонтирале за деноноќно да корегирате дело на наш познат писател, за тоа да може да се објави онлајн? Дали би се труделе да нема ниту една грешка, просто од срам и заради почит кон авторот? Кај Русите има такви луѓе. И тоа најмалку три илјади.

Како да сочуваш мирис

Скопските липи, сармата на мајка ви, мирисот на некој кој ви е драг - замислете да можете да си ги сочувате во кутивче, и да си „шмркате" од нив кога ќе ве фати носталгија?

На науката ѝ се кратки нозете

Maкедонското списание Macedonian Journal of Medical Sciences е едно од 300-те на чија адреса пристигнала намерно лажирана научна статија на новинар од Science. И едно од оние кое ја - објавило.

Мајстори на навредата

Уметноста на „спуштањето" е токму тоа - вештина која произлегува од нечиј табиет, но која и се бруси во текот на годините, збогатена со животно искуство и мотивација да се возврати во вербалниот пинг-понг. Еве неколку одлични примери, какви ретко среќаваме во бледите расправии помеѓу нашите јавни личности.

Скандалозни исповеди на библиотекари

Какви сè потајни желби, гревови и страсти има оваа навидум благородна и софистицирана професија, чии претставници, повеќе од било кој обичен смртник, би требало да знае како, и со луѓето, и со книгите.

Толку млада, а толку Букер

Eленор Катон, со нејзините 28 години, е најмладата добитничка на наградата која ја доби за романот „Луминати" (The Luminaries), роман на 848 страници - најдолгиот кој некогаш добил Букер.

Нова книга на Џена Џејмсон

После бестселерот „Како да водиш љубов како порно ѕвезда", Џена на 21. октомври ќе го објави својот дебитантски роман со сладок наслов - „Шеќер".

Дигиталното згаснување на едно писмо

Пред неколку години шведска Икеа го смени фонтот од Футура во Вердана, а оние лојалните на првиот кренаа вистински бунт. На повеќето од нас секако не ни беше гајле. Но што ако се работи за писмо на еден цел народ?

Црквата конечно ја прифати Пјаф

Денес (14.10) во Париз завршува четиридневниот фестивал посветен на 50-годишнината од смртта на Едит Пјаф. Толку години беа потребни за католичката црква конечно да го прифати „врапчето" во своите редови.

Германските зборови кои недостасуваат

Германскиот, со неговата способност да формира „долга магарица“ од неколку зборови, често е извор на заемки, барем во англискиот. Schadenfreude (сеир) или Zeitgeist (дух на времето) се само некои примери. А зошто покрај постоечките да не се измислат и нови?

„Гравитација" (2013)

Вселенска одисеја која визуелно ќе ве остави без здив, а сценаристички ќе направи да се запрашате - зошто имало потреба во таа величествена тишина некој воопшто да отвара уста?

Книги со холестерол

МекДоналдс - оној што го нема во Скопје - одлучи да стане издавачки гигант. Во следните два месеца играчките во пакетите за деца ќе ги замени со книги. Иронија: тие ќе бидат со нутриционистички педагошки пораки.

Пензионерката која доби Нобел

Не е ни Јапонец, но рок музичар, а не е ни машко - Манро е тринаесетата жена и прв жител на Канада добитник на престижната награда. Летово изјави дека ќе се пензионира, а сега има и добра причина да си го одржи зборот. Поточно милион и двеста илјади причини. 

Како пропаднала Александриската библиотека

Да не делуваше убедливо, ќе мислевме дека е иронија упатена до сите влади кои кратат од буџетските средства во областа на културата. Но изгледа дека вистинската причина за згаснувањето на славната библиотека не бил пожар, туку нешто навидум многу побанално, а подеднакво страшно.

Книжевен осврт во gif-ови

„Мојот српски волк" е љубовно романче од извесна Харизма Најт. Има само 90 странички, ама доволно да собере куп негативни критики на Амазон, од типот „ѓубре", „ужасно", „грозно". Но еден осврт на Good Reads може да послужи како урнек за рендање на ваквите жални книжевни обиди.

Човекот кој го смени ликот на модерната опера

Режисер, актер и продуцент, Шеро во музичките кругови ќе биде запамтен по антологиските оперски поставки, особено по тетралогијата „Прстенот на Нибелунзите“ на Вагнер, чии дела, и по два века од неговото раѓање, остануваат голем предизвик и за режисерите и за изведувачите.