За разлика од нејзината колешка Саша Греј, која романот „Друштвото на Јулија" го напиша во друштво со самата себе, Џена одлучила тоа да го направи со некоја поискусна (во пишувањето). Хоуп Тар е позната авторка на „софистицирани секси приказни", односно на дваесет љубовни романи. Заедно со Џена тие ја смислиле приказната за поранешна актерка во филмови за возрасни, која се враќа кон нејзините корени во Њујорк, надевајќи се дека ќе се скрие во градската толпа, заштитена од папараците.
Но случајна средба со воен херој неодамна вратен од боиштето, а сега познат бизнисмен, ќе ѝ ги сменат плановите. Таа доживува љубов од соништата, плус сексуално будење (што и да значи тоа за бивша порно ѕвезда).
„Секогаш сум била романтична, иако и малку откачена. Ова е вистинско време да се изразам себеси преку книгата. Мислам дека тоа е најжешкото нешто што некогаш ќе го прочитате", изјавила Џена, чии најпознати филмови се „Цврсти докази" и „Камера сутра". Претходната книга, „Како да водиш љубов како порно ѕвезда" се продала во над 250,000 копии и мина шест недели на листата бестселери на Њујорк тајмс.
Видео илустрација за оваа статија немаме.