стихови на денот

Дали слободата ќе умее да пее?

СИТЕ ЌЕ ПИШУВААТ ПОЕЗИЈА

Сонот е древна и заборавена вистина
која веќе никој не умее да ја провери.
Сега туѓината пее како море и загриженост,
истокот е западно од западот,
лажното движење е најбрзо.
Сега пејат мудроста и птиците на мојата запуштена болест
цветот среде пепелта и мирисот,
оние кои одбиваат да ја преживеат љубовта
и љубовниците кои го враќаат времето наназад -
градината чии мириси земјата не ги препознава,
и земјата која ѝ останува верна на смртта,
затоа што не му е овој свет на сонцето единствена грижа.

Но еден ден,
таму каде што имало срце ќе стои сонце,
и нема да има во човечкиот говор такви зборови
од кои песната ќе се одрекува,
поезија ќе пишуваат сите,
вистината ќе биде присутна во сите зборови,
на местата каде песната е најубава.
Оној кој прв запеал ќе се повлече
препуштајќи им ја песната на другите.
Ја прифаќам големата мисла на идните поетики:
еден несреќен човек не може да биде поет,
ја примам на себе осудата на пропеаната толпа.

Oној кој не умее да слуша песна, ќе слуша бура, но:

Дали слободата ќе умее да пее, 
како што робовите пееjа за неа?

Бранко Миљковиќ

23 октомври 2013 - 15:36