Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Почнува „Еуродрам“ во Скопје: 60 учесници од 28 земји

27 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Со промоција на книгата „Зад мене белина“ од австрискиот театарски и оперски режисер Мартин Кушеј, вечерва (27.10.) во 18.30 часот во барот „Бистро“ на Театар Комедија, ќе почне работниот дел на Генералната асемблеја на „Еуродрам“ – Европската мрежа за драма и превод. Книгата на македонски јазик ја преведоа Дарко Јан Спасов и Горан Додевски, а за делото ќе зборуваат Тина Махкота, Ѓорѓи Јолевски и авторот Мартин Кушеј.
  • На настаните до 1 ноември ќе учествуваат 60 драмски автори, преведувачи, режисери, драматурзи, издавачи и театарски професионалци од 28 земји. Манифестацијата се одржува во знакот на 25-годишнината од основањето на мрежата, а програмата опфаќа сценски читања, промоции на книги, преведувачка работилница, панел-дискусии и театарски претстави.
  • Еден од значајните настани ќе биде промоцијата на „Каталог на македонски драми во избор на Еуродрам, 2001–2026“ од Иван Додовски. Изданието содржи преглед на 32 избори со 30 различни драми од 18 македонски автори. Каталогот е на англиски јазик и е наменет за преведувачи, режисери, издавачи, истражувачи и други професионалци заинтересирани за македонското драмско творештво.
  • Манифестацијата ја организира „Еуродрам“, мрежа на повеќе од 300 театарски професионалци од светот, во партнерство со Театар Комедија – Скопје, кој е главен домаќин. Јавната програма ќе се одвива на повеќе локации, меѓу кои Театар Комедија, Европска куќа – Скопје, „Лабораториум“ и книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Целата програма по денови тука

извор

Играјте „Шестерка“

24 October 2026
  • Share
  • Post
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

24 October 2026
  • Share
  • Post
  • Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни. 
  • ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
  • Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
  • Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.

Програма по денови тука

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Доби црвен и се врати од тунелот за да го патосира Чурлинов

Фудбал
2

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина
3

Ана Брнабиќ, машки

Балканштина
4

Така испаѓа

Балканштина
5

Србија: Кој ќе биде намагарчен?

Мешано
6

Зеленски во 2023 одбил мировен план поволен за Украина

Свет
7

Кога си гладен не си свој

Балканштина
8

Европа вложи сè во коли на струја - и загуби

Бизнис
1

Дали познавате ваков историчар?

Bookbox
2

Играјте „Шестерка“

3

Букбокс гледанка: „Скапани јаболки“ (Bad Apples, 2026)

Гледанка
4

Oд каде името „макадам“?

Bookbox
5

Κако Нетфликс ја прекина традицијата што ја правеше телевизијата посебна

Bookbox
6

Хризантема: цветот што ја победува есента

Bookbox
7

Трагедијата да бидеш избришан на Википедија

Bookbox
8

Арно: Книжарска мапа на Скопје

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Стручна анализа на изборен пораз

Балканштина

Желботека

Балканштина

На „револуционерите“ никогаш не им е доволно

Балканштина

Вакви ако земат сила, ќе ја урнисаат победата

Балканштина

Така испаѓа

Балканштина

Ана Брнабиќ, машки

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Правила за фудбал кога си копиљ

Професионалец

Не постои погрешен прекар

Како е да се живее во ЕУ со 165 евра месечно?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy