Според извесна „Блеки зависник од романтика", која објавила анализа на книгата на еден од најголемите сајтови за книжевни препораки Goodreads чија содржина ја генерираат самите читатели, таа заслужува едвај една ѕвездичка, но и сопствен жанр - Пресмешно глупаво лошо напишани книги кои те прават ем да се смееш ем малку да повраќаш или накратко ПГЛНКТПЕДССЕМДП.
Една од нејзините забелешки е дека авторката појма нема ни каде се наоѓа, ни каква е Србија, земјата од каде доаѓа главниот јунак, туку само ја користи како именка и придавка кога треба да евоцира нешто мистично и егзотично, како во следниве примери: „Магичната светлина на мистичната српска полна месечина" или „Свеќите продолжија да го играат нивниот хипнотички танц додека српскиот ноќен воздух влегуваше низ прозорецот".
Исто толку „српски" се и имињата на ликовите, на пример главниот женски лик се вика „Жена" а се презива „Вук", при што по националност е Египјанка, а по табиет еманципирана. Сите вакви и слични цитати од книгата се илустрирани со цепки гифови. Како следниве:
„Нема веќе да те предупредувам да си го врзеш јазикот. Ако уште еднаш ми противречиш ќе го почувствуваш гневот на мојот карактер".
„Наскоро ќе бидам во тебе. Дури и кога ќе молиш да престанам, нема. Ќе продолжам да те е* додека не почнеш да го врескаш моето име илјада пати".
„Во мигот ја зграпчи Ребека околу појасот, полнејќи ја со својот страсен орган. 'Жена Вук, ме гориш со твоите сокови!"
Добро, лесно е да се зафркаваш со вака очигледно лошо четиво. Но книжевен осврт во гифови, и за добро и за лошо - е тоа е веќе нов (книжевен) жанр. Целиот тука.