Таг: осврт

„Време“ за настапот на Љубојна во Белград

Ви го пренесуваме текстот на Драган Кремер не само затоа што ни е ептен ќеф за успехот на Вера, Оли и другарите, туку и заради начинот на кој е напишан освртот - упатено, со историска позадина, со сочни метафори, со луцидни забелешки, без непотребни коментари за тоа што облекла пејачката, а со многу потребен коментар за миленцата на звучниците. Од кога не сте прочитале еден ваков македонски текст, за македонски концерт?

„99 куќи“ (2015)

Го гледавте „Обложување на столетието" (осврт тука) и бевте малку ко потресени? Ајде сега како изгледа тоа исто капиталистичко срање на базично ниво, кога сведочите, макар и со посредство на филмска камера, одземање на нечии домови.

Им верувате ли на освртите на задните корици на книгите?

Го знаете она „не ја цени книгата по корицата". Ама оние неколку реченици отпечатени на книгите, кои се обично полни со фалби, особено ако се потпишани од славни автори, играат токму на таа карта.

„Светот надвор од твојата глава: како да станеш индивидуа во доба на одземено внимание" од Метју Б. Крафорд

Колкав притисок ќе ви врши околината денес, за да ѝ го доделите она што ви е вам најскапоцено - вашето внимание? И колку притоа можете да ѝ се спротивставите? Оваа книга дијагностицира проблем, но истовремено нуди и можни решенија.

„Различните“ (Divergent, 2014)

Колку варијанти на дистописки книги претворени во филмови, кои зборуваат за тинејџери кои го предизвикуваат системот со своите востанички потфати можете да поднесете? Што се однесува до нас, ако главниот лик е женско на граница на супер-херој, колку сакате. Па уште ако вешто ракува со студено оружје...

Музички осврт со книжевни референци

Ви пренесуваме дел од музичката критика на Мухарем Баздуљ за новиот албум на Спрингстин во белградско Време, не само затоа што албумот ни се допаѓа, туку пред сè затоа што текстот е одлична илустрација како некој кој вообичаено се занимава со книжевност ги лови токму таквите - книжевни - моменти и кога станува збор за музиката.

„Гравитација" (2013)

Вселенска одисеја која визуелно ќе ве остави без здив, а сценаристички ќе направи да се запрашате - зошто имало потреба во таа величествена тишина некој воопшто да отвара уста?

Книжевен осврт во gif-ови

„Мојот српски волк" е љубовно романче од извесна Харизма Најт. Има само 90 странички, ама доволно да собере куп негативни критики на Амазон, од типот „ѓубре", „ужасно", „грозно". Но еден осврт на Good Reads може да послужи како урнек за рендање на ваквите жални книжевни обиди.

„Хамсун" (1996)

Биографски филм за норвешкиот нобеловец, кој се обидува да ги разјасни контроверзите околу славниот писател, кој при крајот на животот, на 86 години, е обвинет за соработка со нацистите и ставен во лудница.

51 Birch Street (2005)

На прв поглед сосема обичен документарец на Даг Блок за неговото семејство. На втор, потресно сведоштво за точноста на една стара руска поговорка - дека душата е темен подрум. А особено онаа на твоите родители.

„Изгон" (2007)

Филмов може или да ве скрши на парчиња и да не можете со денови да си дојдете на себе, или да ви биде досаден и непотребно долг. Оние кои сигурно треба да го гледаат филмот се парови во долги врски, кои некаде по пат заборавиле дека до нив дише друго човечко суштество.

„'Рѓа и коски" (2012)

Ако имате дете кое некогаш за малку ќе се удавело, никако не го гледајте филмов. За останатите, ова е мелодрама, ама со многу страст за живот, дури и кога тој гризе, мава и боли.

„Ѕверови на јужната дивина" (Бен Цајтлин, 2012)

Можеби е заради тивката меланхолија на пост-новогодишните денови, можеби до преслатката шестгодишна Хашпапи, главниот лик во филмот, а најверојатно затоа што тој е едноставно добар.

„Масакр" на Роман Полански (2011)

Базиран врз истоимената драма на Јасмина Реза, во филмов - споjлер алерт - нема ни 'м' од некаков физички, крвав масакр.