И тие се луѓе

Скандалозни исповеди на библиотекари

Какви сè потајни желби, гревови и страсти има оваа навидум благородна и софистицирана професија, чии претставници, повеќе од било кој обичен смртник, би требало да знае како, и со луѓето, и со книгите.

Библиотекарството, наспроти вообичаените уверувања, не е воопшто едноставна професија, ако сакаш да ја работиш како што треба. Прво - треба да излезеш на крај со луѓе кои често не знаат ни што им треба, второ - она за што тие не знаат што е треба да го најдеш на полиците, и трето - треба да бидеш сигурен дека тоа повторно ќе биде вратено на место. Плус, да се соочиш со сопствените грешни мисли и постапки во врска со книгите.

Librarian Shaming (Срамотење на библиотекари) е онлајн исповедалница за библиотекари, кои постираат фотографии со покриени лица, но со искрени пораки во врска со нивната професија. Просто е чудно за што сè се чувствуваат виновни - некој со каење изјавува дека зема книги со него во тоалет, друг дека им прави „уши" на страниците. Море све тоа да се избрка од работа! (освен тој што дозволува пиратско копирање на ДВД-ињата, нему само усна опомена)

(горе) 
„Тотално немам против да ги нарушувате авторските права со тоа што ќе режете ЦД-иња или ДВД-иња, дури можам и да ви покажам како“

„Понекогаш велам дека сум ја читала книгата..ама само сум го гледала филмот. Срамота!!“

„Не сум побарала ниедна книга од мојата средношколска библиотека - дури и не знаев како да го сторам тоа“

„Постојано си правам ’уши’ на страниците“.

„Ми падна колаче врз книга од библиотеката..во собата за пауза на вработените“

„Повеќе сакам да користам Википедија отколку скапи библиотечни датабази за пребарување“

16 октомври 2013 - 15:46