Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Играјте „Шестерка“

24 October 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Оние што како нас секој ден решаваат Зборле знаат дека зборовите почнаа да се повторуваат - сепак со пет букви има ограничен фонд. Сега на Михаил Стевчев му текнало да направи зборле со 6 букви - Шестерка. 
  • Кодот му е опен сорс на неговиот Гитхаб профил, а повеќе детали како одел процесот има во овој пост.
  • Го пробавме денес и добро е - оди на линкот.
извор

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

24 October 2026
  • Share
  • Post
  • Од 26 до 30 октомври 2026 година, Кино Фросина при Младинскиот културен центар и Џебното кино во Скопје ќе бидат место каде планините „зборуваат“ преку филмови, презентации, средби со гости и активности за сите генерации. Сите настани се бесплатни. 
  • ЕХО 17 носи петдневна програма, овојпат со 49 проекции од меѓународната селекција. Приказните ги спојуваат алпинизмот, планинарењето, спелеологијата, екологијата, културата, авантурата и секојдневниот живот во планинските заедници. Покрај филмовите, публиката ќе може да слушне домашни и странски гости, да присуствува на разговори и да ги доведе децата на детски работилници.
  • Фестивалот се отвора во понеделник, 26 октомври, во 19:00 часот во Кино Фросина. Веднаш потоа Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ ја претставува пештерата Врело во Матка, најдлабоката пештера во светот истражена од човек, со длабочина од 338 метри. Првата вечер завршува со филмот „Фрост – приказната на животот“ на Том Сивел од САД.
  • Програмата не е само за алпинисти и планинари. Таа е за секого што сака добра приказна за природата и луѓето. Ќе се прикажуваат филмови за големи искачувања, скијање, пештерски истражувања, диви реки, климатски промени, женски приказни од планината и заедниците што живеат покрај неа.

Програма по денови тука

извор

Арно: Книжарска мапа на Скопје

16 October 2026
  • Share
  • Post
  • Нова објава на порталот „Арно“ е посветена на некогашните и сегашните книжарници во Скопје. Нолит, Табернакул, Култура преку Камениот мост и во Ристиќева, Мисла, Икона...„Во нив можеше да влезеш без да знаеш што бараш. Ќе разгледаш што пристигнало, ќе отвориш книга поради необичниот наслов, ќе препознаеш автор за кого си слушнал од пријател. И пред да се свестиш поминал еден час, можеби и неколку часа. Потоа ќе излезеш со книга што немала никаква врска со причината зошто си влегол во книжарницата. Неколку дена подоцна, повторно си таму.“
  • Книжарниците во Скопје беа и места за такви средби. Со книги, со луѓе, со идеи за кои дотогаш не сме знаеле дека постојат. Новата мапа на Арно.мк ги поврзува старите книжарски адреси со нивните приказни, преселби и денешни продолженија.
  • Кликнете на линкот на кој во моментов има 17 записи за 15 локации.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Стари, што беше бе тоа?

Видео
2

Демек мангуп а?

Фудбал
3

Запрете ја вештачката интелигенција!

Видео
4

Внучиња да не се гушкаат без дозвола

Разно
5

Саша Барон Коен: Сатирата не е за смеење

Филм
6

Антиќ: На Тони Паркер не му дадоа сепаре, на нас Македонците ни дадоа

Кошарка
7

Јако мување

Балканштина
8

Директорот на Ryanair: Фон дер Лајен е „бескорисна“

1

Oд каде името „макадам“?

Bookbox
2

Бесрамноста како извор на политичка моќ

Bookbox
3

Хризантема: цветот што ја победува есента

Bookbox
4

Арно: Книжарска мапа на Скопје

5

17-то издание на фестивалот за планински филм ЕХО

6

Шпато: човекот што изработи дигитален каталог на неговите дела

Bookbox
7

Кога лондонските улични светилки служеле кафе, чај и „течно говедско“

Bookbox
8

Боже, чувај ме од пријателите

Bookbox
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Јако мување

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Уста што бара сапун

Плоштадот комплетиран

Македонци

Што не кажете дека само уште паркингот бил проблем?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy