Bookbox

Ако постои историска награда за најдолговечна легенда, тогаш онаа за изворот на младоста сигурно би била меѓу фаворитите. Со векови луѓето сонуваат за магично место што ќе ги подмлади, а името на Хуан Понсе де Леон речиси неизбежно се појавува секогаш кога ќе се спомне оваа приказна. Но зад митот за вечната младост се крие многу покомплексна и поинтересна личност - војник, истражувач, колонизатор и човек чиј живот бил исполнет со потрага по нови земји, богатство и слава. 

Со заминувањето на францускиот интелектуалец, светот загуби еден од последните големи мислители на 20 и 21 век, кој речиси цел век посвети на борбата против поедноставувањето на светот. Неговото дело беше обид да се покаже дека реалноста никогаш не може да се разбере преку едноставни поделби, цврсти категории или една дисциплина сама по себе.

Зошто има 60 минути во еден час?

Денес ретко размислуваме зошто денот има 24 часа, часот 60 минути, а минутата 60 секунди. Овој систем ни изгледа толку природен што речиси никогаш не го доведуваме во прашање. Но зад него не стои некој универзален закон, туку низа историски одлуки, цивилизации и практични потреби стари илјадници години. Дури и обидите да се создаде „пологичен“ систем не успеале да го заменат наследството што ни го оставиле древните народи.

Можеме ли ние да имаме еден Атенборо?

Пред некое време до нас стигна писмо од читател во кое споделува линк до документарна серија во продукција на МРТ. „Често гледам слични документарни филмови за некои далечни предели од различни делови од светот. Но, на мојата десетгодишна ќерка овие ѝ се омилени бидејќи се зборува на македонски јазик и се однесува на природата во Македонија. Сакам да ја однесам за да ги посетиме.“ Изгледавме неколку епизоди и ни се бендисаа, со пар фусноти.

Букбокс гледанка: „Поет“ (2025)

Филмовите за неуспешни уметници често лесно паѓаат во замката на романтизирање на страдањето или претворање на кризата во клише. Но „Поет“ избира поинаков пат. Наместо приказна за генијалност и триумф, тој нуди горчливо-смешен портрет на човек кој одамна останал заглавен меѓу сопствените амбиции и реалноста. Но дали е тој „лудиот“ или оние околу него кои ја девалвираат вредноста на уметноста, спојувајќи ја со „исплатливост“ и его?

Почина физичарот кому треба да му заблагодариме за Џипиес-от

Даниел Клепнер развил атомски часовник кој е од суштинско значење за системите за глобално позиционирање. Со други зборови, она што овозможува да знаеме каде сме и како да стигнеме онаму кадешто сме тргнале - не филозофски туку баш физички.

Франческо Лентини - човекот со вистинска трета нога

Намерно го ставивме името во наслов, за да не излезе дека тој (насловот) е за некаков расказ или друга фантазмагорија. Ама понекогаш животот ја надминува фантазијата.

„Бергман е единствениот што го знаев што плачел кога умрел Хитлер“

Стелан Скарсгорд е шведски актер најпознат по својата соработка со Ларс фон Трир, но и по неколку американски блокбастери. Во неодамнешно интервју тој се отвори во врска со соработката со славниот Ингмар Бергман. 

Уште еден скандал со лажен мемоар

Пар на своја 50-годишна возраст прави лоша инвестиција и губи големи пари. Наскоро стануваат бездомници, а сопругот е дијагностициран со тешка болест. Немајќи друго чаре, тие почнуваат да пешачат, над 1000 километри, живеејќи од добрината на непознати. Вдахновена приказна, само, дали е вистинита?

40 години од Лајв Ејд: кога рокенролот го освои светот

Ако прашањето за некои повозрасни генерации гласеше - каде бевте дента кога се случи атентатот на Кенеди? - така за генерациите кои беа барем во основно во таа 1985-та беше важно каде беа и што правеа на 13 јули истата година. Затоа што без оглед на утописката замисла да се нахрани светот, една идеја го сплоти преку музиката. 

Ерик Ајдл: „Ништо не е посмешно од луѓе што не се смеат“

Koга во 2021 излезе веста дека поранешниот Монтипајтоновец е дијагностициран со рак на панкреас, нештата не изгледаа добро. Но сега, откако го преброди најлошото, на 83 години Ајдл се подготвува за првата Британска турнеја од 1973. Во интервју за Гардијан тој одговара на прашања поднесени од негови колеги и обожаватели. 

Ако имате кошмари може да ви е од - сирењето

До сега мал број научни истражувања ја испитувале врската помеѓу храната и лошиот сон. Едно нова студија се обидува да го направи токму тоа. Заклучок: помалку сирење, особено навечер.

Необичната сличност помеѓу спортски навивач и верник

Исто како што заедничките молитви ги зближуваат верниците, така и заедничкото навивање - на стадиони, во дневни соби или онлајн - создава чувство на заедништво и припадност. Нова книга ја прикажува спортската вера како универзална потреба на луѓето за припадност и емоционална стабилност.

Кога тенисот бил опасен спорт кој се играл со волнени топчиња

Деновиве внимателно ги следиме натпреварите на Вимблдон, со сите предизвици на внесувањето на ВИ наместо човечки линиски судии, повреди поради кои се предаваат мечеви, славни личности во публика и засега без скршени рекети. Порано се играло само со дланка и со многу тврди топчиња кои можеле навистина да повредат. 

Kако Луис Мамфорд го оживеа Мелвил

1930. Авторот на „Моби Дик“ е починат веќе 40 години, своевремено отфрлен од критиката и во меѓувреме заборавен од читателите. Луис Мамфорд, од друга страна, е ѕвезда во подем во американското културно мијле, експерт во области од екологија, преку социологија до урбанизам. Во времето по Првата светска војна и соочен со Големата депресија, вториов нашол утеха и инспирација во делата на Мелвил, кого го извлекол од заборавот.

Новата Барби има дијабет

Најновата кукла носи модерен син топ со точки, кратко здолниште со набори, високи потпетици - и инсулинска пумпица. Таа е првата кукла од брендот што живее со тип 1 дијабетес. Со ова Мател го проширува обемот на производи со кои би можеле да се идентификуваат што поголем број деца, но и преку кои се шири свесноста за различни заболувања. 

Ако не ве бива за математика пробајте со благи електро шокови

Лекот да ти бил пет пари, ама кој да го знаел? Нова студија сугерира дека внимателно контролирана електрична стимулација на мозкот може да ги подобри математичките способности, особено со луѓе со послаби врски во одреден дел од мозокот. 

Заборавената нихилистка Вера

Нова поставка во лондонски театар на помалку познат драмски текст на Оскар Вајлд е инспирирана од приказната за 22-годишна руска револуционерка и атентаторка од крајот на 19 век.

Данок, ама не за неженети туку за - незаљубени!

Денес често се зборува за тешкотиите на наоѓањето љубов, за предизвиците на љубовните врски и бракови, за невозвратените чувства. Но истите овие теми ги обработувале и старите Грци и Римјани – и многу од нивните размислувања сè уште звучат актуелно.

Илузијата на сандакот: гледате кругови или правоаголници? 

Се сеќавате на онаа слика на која некои гледаа црн а други син фустан, па не си веруваа едни на други дека го гледаат спротивното? Таа се базираше на тоа како мозокот ја интерпретира светлината. Една друга илузија прави да гледате кругови или правоаголници, наводно базирано на тоа од каде сте.

А што ако тоа е тоа?

Митологијата на пропуштеното претпоставува дека некаде постои „правилна“ верзија на животот — паралелен тек во кој направивме подобри избори, стекнавме подлабоки искуства, тргнавме по „оптималниот“ пат низ лавиринтот од можности. Тоа е магиско размислување преправено во амбиција. Тоа е верување дека животот е тест со точни одговори.

Супер-анархист, а не супер-херој: Супермен на почетокот бил „насилен социјалист“

На 11 јули е најавена премиера на нов филм за суперхеројот на Ди-си комикс. Иако денес е познат како ултимативниот американски господин Најс Гај, во 1930-тите тој не почнал на тој начин. 

Од нашиот специјален известувач: „Гленгери“ на Бродвеј

„Ти си среќен човек“ - му велам на Илија, кога ми кажува дека ќе ја гледа претставата правена според култен филм, во која ни помалку ни повеќе играат Бил Бур, Киран Калкин, Боб Оденкирк. Точно да седат на сцена и да ќутат би било супер, а камоли да ни ја раскажат приказната за отровот на капитализмот, капнат на раната на средната класа, која сонува за живот по овој живот...таму некаде Гленгерово.  

Уметникот што здроби Тесла со огромна скулптура

Скулпторот Чавис Мармол нема автомобил, туку се движи со велосипед. Но тоа не го спречило во неговиот уметнички порив - да спушти реплика од девет тони од глава изработена по урнек на древните Олмечки статуи врз кров на Тесла. Сатиричен и ангажиран перформанс што стана хит на социјалните мрежи. 

Медалите на пријателството

Необична и инспиративна приказна за двајца јапонски спортисти, кои во далечната 1936, на Олимписките игри во Берлин, имале идентичен резултат во скок со стап. Организаторите не им дозволиле да го делат второто и третото место. Кога се вратиле дома, ги стопиле медалите и самите си ги поделиле.

Имате ли „книжевен дечко“?

Совршениот маж постои - барем на страниците на книгите. Тој е таканаречен „книжевен дечко“, лик во кој читателките се „зацопуваат“ иако знаат дека е фиктивен. Овој феномен постои со векови, но денес добива нова димензија, особено на социјалните мрежи.

Букбокс гледаше: „Монахот и пушката“ (Бутан, 2024)

Сатиричен филм за преминот на Бутан од кралство во парламентарна демократија, процес започнат во 2006 - некои сцени во кои „јатаци“ на западните организации во бели џипови се обидуваат да ги „цивилизираат“ локалците ќе ви се видат необично познати. 

Штикли, кал и жуљеви: кратка историја на чевлите

Чевлите се единствен облековен предмет што се обликува според телото. Кожата како материјал станува „втора кожа“, се прилагодува на стапалото и начинот на одење. Носените чевли откриваат информации за сопственикот: начинот на движење, здравствена состојба, социјална положба. Историчарите ги користат како примарен извор – ниту еден друг предмет не го „содржи“ телото на својот носител на таков начин.

Сте чуле за ирските хипхопери Никеп? Би требало. 

Дали уметноста треба да биде политичка - ова е жешка тема деновиве по концертот на Масив Атак во Скопје, кој беше полн со такви пораки поврзани со војните во Украина и Газа. Таа мора да биде таква, вели бенд од Ирска, кој успеа низ рап супкултурата да ја поддржи борбата за заштита на ирскиот јазик и идентитет.